Македонското Министерство за внатрешни работи учествуваше во големата меѓународна операција „FIRSTLIGHT 2026“, координирана од Интерпол, насочена кон сузбивање на онлајн измамите и перењето пари. Акцијата се реализираше од 15 јануари до 30 април годинава, а во неа беа вклучени надлежни институции од 97 држави и територии ширум светот.
Од МВР информираат дека во операцијата учествувале Секторот за компјутерски криминал и Секторот за меѓународна полициска соработка, со цел откривање и сузбивање на измами извршени преку т.н. социјален инженеринг, како и на активности поврзани со перење пари.
„Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал во содејство со Секторот за меѓународна полициска соработка, активно учествуваше во меѓународната операција „FIRSTLIGHT 2026“, чија заедничка цел беше откривање и сузбивање на онлајн измами и поврзаните активности на перење пари“, соопштија од Министерството.
Во оваа категорија спаѓаат измами преку компромитирање на службена електронска пошта (Business E-mail Compromise), инвестициски измами, романтични измами, лажно претставување, сексуална уцена (sextortion), како и други облици на интернет-криминал, при кои сторителите ја злоупотребуваат довербата на граѓаните и компаниите за да дојдат до пари или доверливи информации.
Во текот на операцијата биле разменувани оперативни и разузнавачки информации, извршени биле претреси на повеќе локации, блокирани и замрзнати банкарски сметки и виртуелни паричници, а биле искористени и механизмите на Интерпол за брзо запирање на незаконските финансиски трансакции.
Според податоците на Интерпол, операцијата дала значајни резултати на глобално ниво. Уапсени се 5.811 лица, идентификувани се повеќе од 142.000 жртви, анализирани се 152.808 случаи, а решени се 23.715 предмети. Исто така, идентификувани се 15.606 осомничени лица, блокирани се 31.014 банкарски сметки, пресретнати се околу 293 милиони американски долари незаконски стекнати средства, а преку Интерпол се издадени 99 меѓународни известувања и дифузии.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
