Background

АКТЕРКАТА ОД „ШЕРБЕТ ОД БРУСНИЦА“ ПОЧИНАЛА ОД АЛКОХОЛНО ТРУЕЊЕ

Во конечнниот извештај од обдукцијата се наведува дека турската актерка Еџе Иртем, која почина на 35-годишна возраст минатиот месец, починала од труење со алкохол, со што завршија неколкунеделните шпекулации во јавноста за нејзината смрт.

Во извештајот, објавен од турската државна форензичка агенција, се вели дека смртта на Иртем настапила како резултат на „интоксикација со алкохол (етил алкохол).“ Исто така, се забележува дека во нејзиното тело се пронајдени терапевтски нивоа од активни супстанции од лекови и дека е медицински познато дека таквите супстанции го зголемуваат депресивниот ефект на алкохолот врз централниот нервен систем, пишува порталот „Turkish minute“.

Поранешните наоди од обдукцијата јасно ја исклучија можноста за насилна смрт, потврдувајќи дека на телото на актерката немало знаци на насилство или повреди.

- Advertisement -
Ad image

Откако нејзиниот адвокат првично објави дека раните наоди укажуваат на срцев удар, социјалните мрежи беа преплавени со непроверени и бизарни теории за нејзината смрт. Новите официјални информации ставаат крај на шпекулациите, меѓу кои и на тврдењата дека актерката починала од сепса, па дури и од наводно каснување од мајмун кое се случило во текот на нејзиното неодамнешно патување во Тајланд.

Еџе Иртем е родена на 14 јуни 1991 година, а регионалната и турската публика ќе ја памети по нејзините впечатливи улоги во бројни хит проекти, особено по улогата во серијата „Шербет од брусница“ (каде што го толкуваше ликот Ишил).

Меѓу нејзините филмски улоги се и онаа во „Zengo“ и во трилерот на Нетфликс од 2024 година – „10 Days of a Curious Man“.

Иртем е погребана во населбата Кушадаси во западната покраина Ајдин.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation