Европската Унија би можела да го одложи воведувањето на новиот систем за претходна авторизација на патување ETIAS до 2027 година, по проблемите со имплементацијата на биометрискиот систем за гранична контрола EES, пишува „Фајненшл тајмс“.
Тоа за македонските граѓани кои планираат да патуваат во ЕУ при крајот на годината, значи дека не се обврзани да извршат електронска авторизација на патувањето.
Иако на официјалната веб-страница на системот ETIAS е наведено дека треба да почне да функционира во последниот квартал од 2026 година и дека одложувањето сè уште не е официјално потврдено, медиумот проценува дека е „малку веројатно“ дека ќе биде воведен до крајот на оваа година.
Потврда на ова тврдење е и тоа што Агенцијата EU-Lisa, која е задолжена за спроведување на ETIAS, призна дека повеќе не е реално да се очекува неговото лансирање до крајот на оваа година, како што првично беше планирано.
Извор запознаен со разговорите изјави дека сè уште има некои ИТ проблеми со системот ETIAS, но дека приоритет треба да биде решавање на проблемите што постојат со EES.
-Ајде прво да го поправиме EES пред да воведеме друг систем што повторно би ги удвоил редиците – вели изворот.
Се очекува и кога системот ќе се имплементира, ќе се воведе преоден период од најмалку шест месеци.
Европската Унија наведува дека во тој период патниците ќе бидат поканети да аплицираат за овластување за патување, но дека на оние кои сè уште немаат нема автоматски да им биде одбиен влез доколку ги исполнуваат сите други услови.
ETIAS предвидува патниците од земјите на кои не им е потребна виза за влез во ЕУ однапред да поднесат електронска апликација, да платат такса од 20 евра и да поминат безбедносни проверки пред да патуваат.
Ова значи дека патниците ќе треба да пополнат онлајн апликација, да дадат лични податоци, да одговорат на безбедносни прашања и да добијат претходно одобрение. Овластувањето ќе биде електронски поврзано со пасошот на патникот и ќе важи три години или до истекот на пасошот, што и да се случи прво.
Обврската за добивање овластување за ETIAS ќе важи за патници од 60 земји надвор од Европската Унија, со одредени исклучоци.
Таксата од 20 евра нема да се наплаќа за деца под 18 години и лица над 70 години, но тие исто така ќе треба да аплицираат за овластување за патување.
ETIAS ќе се применува во 30 европски земји – во сите земји-членки на ЕУ освен Ирска, како и во Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија.
Овој систем ги обврзува и граѓаните на Македонија кои во меѓувреме доколку патуваат во земјите од ЕУ ќе треба да ја следат страницата на системот за да видат дали има потреба однапред да го најават патувањето за да добијат наввреме и дозвола за патување.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
