Синоќа, на влезот на Охрид, во близина на бензинската пумпа „Окта”, припадници на Охридската криминалистичка полиција, одделение за сузбивање на наркотици, застанале џип со српски регистарски ознаки во кој се наоѓале две лица од Охрид.
Едно од лицата, С.П. од Охрид, во моментот на постапката проголтало неколку пакувања (дози) со опојна дрога кокаин, обидувајќи се на тој начин да ја прикрие дрогата од полицијата. С.П. наскоро почувствувал влошување на здравствената состојба, а на пат кон Охридската болница починал од предозирање.
Двете лица биле добро познати на охридската полиција, при што за инцидентот веднаш била известена и надлежната обвинителска служба.
Полицијата продолжува со процесуирање на случајот, а се очекуваат дополнителни детали за околностите под кои се случил трагичниот настан.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
