Оваа Влада историски прави најголеми издвојувања за општините, а за тоа е доказ овој ребаланс кој денес го разгледуваме во Комисијата за финансирање и буџет. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во рамки на амандманската распорава по предлог ребалансот на Буџетот за 2026 година во рамки на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет кој потенцираше дека буџетот е лимитирана и ограничена категорија каде треба да се задоволат сите најнеопходни потреби и секако онаа развојна компонента за која Владата се обврзала да ја реализира пред грааѓаните.
– Постојоано работиме на зголелмување на издвојувњата од државниот Буџет кон програмите на надлежните министерства, во случајот Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, а преку АА програмата за финансирање на инфраструктурни проекти тука се и Министерството за култура, Министерството за образование и Министерството за социјална политика, демографија и млади. Со овој Ребланс за инфраструктурни проекти во општините, за сите 80 општини ги зголемуваме предвидените од 2,6 милијарди денари на 4,2 милијарди денари во корист на подобрување на животот на граѓаните. Преку Министерството за транспорт и врски со Проектот за локални патишта сумата со ребаланост изнесува 566 милиони денари и исто преку Министерството за транспорт и врски програмата со Проектот за олеснување на трговијата и транспортот ја зголемуваме од 246 минилони денари на 620 милиони денари. Овие се бројки показатели на волјата на Владата не само на хартија, туку и на терен дека реализира и дека ќе реализира уште повеќе проекти – посочи заменик-министерот.
Тој потенцираше дека секое населено место е важно, и дека приоритетите ги одредуваат општините и врз основа на тоа аплицирале во рамки на програмата АА во локалната самоуправа и надлежните министерства.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
