По свадбата на поп-пејачката Тејлор Свифт и ѕвездата на НФЛ, Тревис Келси, на церемонија што ја водеше познатиот комичар Адам Сандлер, постојано излегуваат нови информации кои откриваат интересни детали од овој гламурозен настан.
Последните информации кои се појавија во странските медиуми е и онаа за игрите кои биле организирани за гостите на венчавката. Меѓу другите изненадувања била и луксузната томбола на која тие имале можност да освојат неверојатни награди, како што се чанти од „Диор“ или „Шанел“, чија вредност е до 7.500 долари.
Покрај чантите, лотаријата вклучувала и луксузни часовници „Картие“. За да ги заработат своите билети за томбола, гостите морале да учествуваат во тематски игри како што се мини-голф и фрлање фудбалска топка низ обрач.
Просторот во кој се одвивала свадбата бил декориран со симболични детали од врската на славниот пар. Како спомен од нивното прво официјално излегување во септември 2023 година, гостите добиле везени марамчиња со текст од нејзината песна „Blank Space“: „So it’s going to be forever“.
На свадбата имало околу 1.000 гости, меѓу кои многу славни личности, а на сцената на прославата настапиле Стиви Никс, Тим Мекгроу и Пол Мекартни, кој а нив ја отпеал песната „I Want to Hold Your Hand“ од Битлси.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
