Норвешка направи вистинска сензација на Светското првенство 2026, откако во осминафиналето ја елиминираше петкратната светска шампионка Бразил со 2:1. Херој на мечот повторно беше Ерлинг Браут Халанд, кој постигна два гола и практично сам ја однесе својата селекција во четвртфинале.
Бразил имаше свои шанси во текот на натпреварот, но не успеа да ги искористи. Бруно Гимараеш промаши пенал, додека Ендрик пропушти идеална шанса по прецизна асистенција од Винисиус Жуниор. Во клучните моменти, недостасуваше реализација – разлика која на крај ја направи Халанд.
Иако не беше многу во допир со топката во текот на целиот меч, норвешкиот напаѓач постојано демнеше и чекаше своја шанса. Како и многупати досега, ја искористи максимално – погодувајќи двапати во вистински момент.
По големата победа и елиминацијата на Бразил, Халанд се огласи на социјалните мрежи. На Инстаграм објави селфи фотографија со опис: „Па, па, па“ придружено со емотикон што се смее до солзи, додека во позадина свирела песната „Never Going Home“ од „Kungs“.
Само половина час подоцна, тој објави уште една фотографија, на која ја слави победата над Бразил, со порака: „Вреди да се чека 28 години!“ придружена со норвешко знаме и црвено срце.
Во меѓувреме, официјалниот профил на норвешката репрезентација објави видео од соблекувалната, на кое фудбалерите пеат и танцуваат на истата песна, славејќи го историскиот триумф над фаворизираниот Бразил.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
