Светското првенство доби нова навивачка сензација, а зад неа стои Ерлинг Халанд и неговата Норвешка.
По драматичната победа над Бразил од 2:1, во која Халанд со голови во 79. и 90. минута ја урна една од најголемите светски фудбалски сили, норвешките фудбалери приредија прослава што за само неколку часа стана хит на социјалните мрежи.
Додека десетици илјади норвешки навивачи на трибините имитираа веслање како вистински Викинзи, фудбалерите на тревникот го следеа истиот ритам.
Во центарот на спектаклот беше токму Халанд.
Норвешкиот голгетер зеде голема тапа, почна да удира ритмично, а неговите соиграчи седнаа на тревата и синхронизирано почнаа да имитираат веслање, како да пловат со древен викиншки брод. Истото го правеа и илјадниците навивачи на трибините, создавајќи една од највпечатливите сцени на Светското првенство.
Прославата дојде по натпревар полн со емоции. Халанд ја шокираше репрезентација на Бразил со два гола во самиот финиш, а Нејмар само успеа да го ублажи поразот со погодок во десеттата минута од судиското продолжение.
Но, приказната не заврши на стадионот.
Популарното „викиншко веслање“ веќе стана национален симбол на норвешката еуфорија, а во прославата се вклучија и припадниците на вооружените сили.
Норвешката армија објави видео на кое пилоти, морнари, војници и други припадници на армијата го изведуваат истото движење – на палуби на воени бродови, во кокпити на борбени авиони, па дури и на планински врвови.
„Нема да дозволиме овој одличен тренд само така да помине“, порачаа од норвешките вооружени сили.
Особено внимание привлече и видеото на Норвешката морнарица, која симболично објави дека „извеслала преку Атлантикот“ за да ја поддржи репрезентацијата во Њујорк, каде што Норвежаните го играат својот историски настап на Мундијалот.
Она што започна како спонтана прослава по голот на Халанд, за само неколку часа прерасна во национален феномен и еден од најпрепознатливите симболи на Светското првенство.
А судејќи според атмосферата што ја создаваат Норвежаните, „викиншкото веслање“ многу лесно би можело да стане новиот светски навивачки тренд.
Tagged as:
Од стадионот до воените авиони светот полуде по новата прослава на Мундијалот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
