Со свечено затворање на 05.07.2026 заврши 41. издание на Уметничката колонија „Дебрца“, која и оваа година се одржа во духот на уметноста, креативноста и меѓусебното дружење. Во текот на колонијата, уметниците твореа во исклучително инспиративна и работнаатмосфера, создавајќи дела кои ќе останат траен белег на ова издание.
Покрај секојдневнотосликање и размената на искуства, тие имаа можност да го запознаат културното, историскотоиприродното богатство на општина Дебрца и Охридскиот регион. Во рамките на програмата беше реализирана посета на Музејот на Дебрца и манастирот „СитеСветии“ во Лешани, каде учесниците се запознаа со богатото културно-историско наследствона овој крај.
Посебно место во програмата имаше денот посветен на стариот дел на Охрид. Уметницитесликаа на отворено, создавајќи дела инспирирани од староградската архитектура, калдрмитеинеповторливите глетки на Охрид. Воедно ги посетија и Билјанините Извори, а дружењетобешезбогатено со пловидба по Охридското Езеро, која остави прекрасни впечатоци кај ситеучесници. Изразуваме искрена благодарност до сите уметници : Zsuzsanna Ardo, Natalia Studenkova, DunjaCorlomanovic, Славица Танеска, Филип Јовески, Вангел Крстиноски, Михаил Клечкароски, Михаил Велјаноски, Лидија Вујишиќ, Мелани Тасеска за нивниот придонес, професионалности творечка енергија, како и до сите институции, соработници и поддржувачи кои помогнаавоуспешната реализација на 41 издание на Уметничката колонија „Дебрца“. Со гордост ја продолжуваме четиридецениската традиција на оваа значајна културнаманифестација, со уверување дека и во иднина ќе биде место каде што уметноста, културатаипријателството ќе создаваат нови вредности.
До нови средби на 42 издание на Уметничката колонија „Дебрца“!
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
