Background

Во Охрид од вчера официјално започна јубилејното, 5. издание на ракометниот камп „40х20“, кој ќе трае до сабота

Во Охрид од вчера официјално започна јубилејното, 5. издание на ракометниот камп „40х20“, кој ќе трае до сабота. Повеќе од 120 учесници од пет држави – Македонија, Шведска, Германија, Швајцарија и Србија – во наредните седум дена ќе имаат можност да ги усовршуваат своите ракометни вештини, да стекнуваат нови знаења, да се дружат и да уживаат во бројни едукативни и забавни активности.

Организаторите и оваа година подготвија богата и разновидна програма, која опфаќа спортски, едукативни и развојни содржини. Основната цел на кампот останува непроменета – кај најмладите да се развива љубовта кон ракометот, најтрофејниот тимски спорт во Македонија, а на повозрасните учесници да им се овозможи работа со врвен тренерски кадар и дополнителна надградба на нивните знаења и способности.

Тренерскиот тим, кој веќе неколку години успешно работи со камперите, оваа година е дополнително засилен со двајца реномирани гости. Поранешната македонска репрезентативка Љубица Георгиевска, која повеќе од 25 години живее и работи во Данска, земјата која важи за светска ракометна велесила, како и еден од најреномираните стручњаци на Балканот и координатор на младинските категории во ПИК Сегед, Владан Јордовиќ, во текот на кампот ќе го споделат своето богато искуство и знаење со сите учесници.

- Advertisement -
Ad image

Како дополнителна вредност, програмата годинава е збогатена и со предавања и практична работа од областа на спортската психологија, кои ќе ги реализира врвниот македонски спортски психолог и професор на Факултетот за физичка култура, Ленче Алексовска. Воедно, за највозрасните кампери ќе биде спроведена дијагностика на антропометриските карактеристики и моторичките способности, со цел објективна процена на нивниот физички потенцијал. Овој сегмент ќе го реализира професорот Ацевски од Факултетот за физичка култура.

Ракометниот камп „40х20“ своето прво издание го доживеа во 2022 година како составен дел од проектот „Ракомет за секое дете“. Покрај кампот, проектот опфаќа и школа за ракомет, како и организиран турнирски систем во мини-ракомет, со цел создавање квалитетна средина за спортски и личен развој на младите ракометари.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation