Background

Британија стимулира нови окна за бакар, а кај нас инвестициите како Иловица се саботираат

Велика Британија стравува дека нема да има доволно минерали за да ја покрие побарувачката од индустријата, која е неопходна за да се постигнат целите од зелената транзиција. Потребата од литиум, бакар и други минерали, неколкукратно ќе се зголеми до 2040 година. Додека Британија го поттикнува рударството на островот, Македонија не може да се пофали со нов рудник, иако изобилува со бакар. Во наоѓалиштето за бакар Иловица, утврдени се околу 500 милиони тони руда, во кои, според проценките, има 410.000 тони бакарна руда. Па така, пресметките, но и планот на инвеститорот предвидуваат просечно годишно производство на над 10.000 тони бакар во Иловица. Доколку ова се преведе во бројки, рудникот во Иловица, на инвеститорот „Еуромакс ресоурсес“, ќе биде во топ 3 извозни компании во Македонија.

Пред само неколку месеци британски инвеститори остварија средби со претставници од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, но нема детали околу проектите за кои се разговарало и дали меѓу темите бил и македонскиот бакар. Истражувањата на Британскиот геолошки истражувачки центар покажуваат дека Велика Британија најверојатно ќе остане зависна од увоз на критични минерали и покрај тоа што го стимулира домашното рударство, па ќе мора да бара поддршка од земји партнери.

„Брзиот раст на производство на електричните возила, ветерните турбини и фотоволтаиците значи дека, на краток рок, примарното снабдување со минерали кое се експлоатираат директно од земјата ќе остане од суштинско значење за задоволување на секторите во раст и пополнување на празнините во снабдувањето. Ова вклучува континуирана зависност од увоз на литиум, бакар, никел, кобалт, манган и ретки земни елементи и ја нагласува важноста на диверзификацијата на синџирот на снабдување, одговорното снабдување и стратешките меѓународни партнерства“, оценува Британскиот геолошки истражувачки центар.

- Advertisement -
Ad image

На неодамнешната Конференција за рударството во Обединетото Кралство, беше потенцирано дека природниот капитал на земјата претставува економска можност од огромни размери, но сепак останува исклучителен предизвик да се обезбедат финансии за проекти за критични минерали.

„Тука во Корнвол, никогаш не сме ја загубиле нашата гордост кога станува збор за минералите, но сега повторното оживување на рударството ја враќа надежта во нашите заедници. Не станува збор само за работни места, туку и за развој на инфраструктура и општествени подобрувања, и ова е возбудливо време ако добро ги изиграме картите. Сепак, сега треба да ја искористиме големата поддршка за нашата индустрија и да преземеме холистички пристап кон истражувањето, експлоатацијата, преработката, развојот на вештини и рециклирањето на минерали за да се осигураме дека Корнвол ќе се справи со предизвикот и ќе се придружи на останатите проекти низ Велика Британија за обезбедување на домашни резерви на критични минерали што ни се потребни за да го живееме модерниот живот“, истакна во обраќањето пратеникот Перан Мун.

Според инвеститорите, сега е време да се започнат рударските проекти.

„Најдоброто време да се засади дрво беше пред 20 години, а второто најдобро време е сега, па затоа мора да се здружиме за да развиеме индустрија за критични минерали во Велика Британија без понатамошно одложување. Треба да овозможиме долгорочни инвестиции за да ги забрзаме проектите за минерали, да го поттикнеме производството, да ја овозможиме енергетската транзиција и да му бидеме од корист на локалното население низ целата земја“, нагласи основачот на „Корниш Литиум“, Џереми Вратхол.

Инаку, во британската „Визија 2035 – Стратегија за критични минерали“, е истакнато дека очекуваат дека до 2035 година годишната побарувачка за бакар да се удвои, додека побарувачката за литиум да се зголеми за 1.100%. Како што економиите низ целиот свет ја спроведуваат зелената транзиција, побарувачката за овие минерали само ќе се зголемува, бидејќи енергетските извори и транспортот стануваат сè позависни од технологијата со ниски јаглеродни емисии. На глобалниот пазар, како што се додава во документот, во последниве години сме сведоци на сè поконцентрирани синџири на снабдување со преработка и рударство и таквата концентрација значи дека синџирот на снабдување е особено ранлив на шокови како што се природни катастрофи, војна или геополитички последици.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation