Background

Осумнаесетмесечно дете од американската држава Аризона беше прогласено за мртво во одделот за итни случаи по паѓање во базен, но неколку часа подоцна беше утврдено дека сè уште дише во мртовечницата на болницата

Осумнаесетмесечно дете од американската држава Аризона беше прогласено за мртво во одделот за итни случаи по паѓање во базен, но неколку часа подоцна беше утврдено дека сè уште дише во мртовечницата на болницата, објави NBC News.

Она што се случило во тој речиси шестчасовен период и околностите што доведоа 18-месечниот Винсент Лоренцо Фиордилино речиси да се удави во базенот на семејната куќа, сега се предмет на истрага од страна на Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Марикопа.

– Детето на крајот преживеа и беше отпуштено од болницата – се вели во соопштението од Полициската управа на округот Гилберт.

- Advertisement -
Ad image

Сепак, администрацијата му препорача на окружниот обвинител родителите да бидат обвинети за злоупотреба на деца.

Според полицискиот извештај, родителите можеби не забележале дека нивното дете отишло до базенот додека се емитувал натпреварот од Супербоул, поради „можноста состојбата на свеста на двајцата родители да е променета поради консумирање марихуана или други психоактивни супстанции“.  Двајцата признаа дека пушеле марихуана тоа утро кога се случил инцидентот со давењето на детето – се наведува во извештајот.

Портпаролот на окружниот обвинител одби да коментира за случајот.

Во меѓувреме, Медицинскиот центар „Мерси Гилберт“ потврди дека спровел сопствена внатрешна истрага за она што го нарече „вознемирувачка ситуација“.

Сепак, болницата не ги објави резултатите од истрагата и одби да одговори на прашањата зошто докторот, идентификуван како А.Туси, погрешно го прогласил детето за мртво,  е сè уште во персоналот.

Кога полицаецот го прашал за одлуката детето да се прогласи за мртво додека детето сè уште дишело, докторот наводно се повикал на својата „повисока позиција“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation