Background

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ЕКОЛОШКАТА ДОЗВОЛА НА ТИТАН УСЈЕ

Во рамките на законската постапка, денеска се одржа јавна расправа за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола на ТИТАН Усје, на која цементарницата ги презентираше информациите за своето работење, примената на најдобрите достапни практики и активностите што ги презема за заштита на животната средина, соопшти компанијата.

„Јавната расправа претставува важен дел од законската процедура и можност сите заинтересирани страни да ги изнесат своите ставови, прашања и забелешки. ТИТАН Усје го поздравува учеството на јавноста и верува дека аргументиран дијалог и размената на информации се најдобар начин за градење доверба. Во март годинава ТИТАН Усје до Министерството за животна средина и просторно планирање ја поднесе апликацијата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола, која е во согласност со важечките законските и подзаконските акти. Компанијата доследно, навремено и транспарентно ги спроведе сите постапки и активности предвидени со процедурата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола. Апликацијата е јавно достапна и ставена на увид на сите заинтересирани страни“, соопшти ТИТАН Усје.

Како дополнителен чекор кон поголема транспарентност, се додава во соопштението, компанијата го стави во функција новиот Усје портал за животна средина, преку кој јавноста ќе има пристап до дневните податоци од независниот 24-часовен мониторинг на емисиите, информации за еколошките активности, инвестициите и другите релевантни документи. Порталот овозможува и директна комуникација со компанијата, преку можност за поставување прашања и добивање дополнителни информации.

- Advertisement -
Ad image

„Како прва компанија во Скопје што доби А-интегрирана еколошка дозвола и една од првите во државата, ТИТАН Усје уште тогаш ја потврди својата определба за примена на највисоки стандарди во индустријата. Компанијата е во постојан инвестициски циклус за модернизација и унапредување на процесите. ТИТАН Усје е посветена на работење согласно законските прописи, европските стандарди и принципите на одржлив развој. Компанијата и во иднина ќе продолжи со континуирани инвестиции во модернизација, намалување на влијанијата врз животната средина и отворена комуникација со сите засегнати страни“, соопшти цементарницата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation