Background

Украинка е осомничена за бомбашкиот напад врз олигарх во Монако

Откриен е идентитетот на главната осомничена за бомбашкиот напад во Монако, чија цел бил украинскиот олигарх Вадим Јермолаев (58). Станува збор за Украинката Анастасија Березовска, која според истрагата е „вооружена и опасна“, јавуваат повеќе медиуми.

Осомничената, жена во триесеттите години која живее во Германија, е поврзана со експлозијата во Монако во која беа тешко повредени Јермолаев, неговата партнерка Ана Насобина (46) и неговиот 13-годишен син.

Според податоците од Интерпол, против неа е издадена црвена потерница, а во описот се наведува дека има тетоважа на десната рака, која најверојатно прикажува змија, од рамото до лактот. Родена е во Украина, има темна коса и зборува германски јазик. Властите во Монако ја бараат за обид за убиство и други тешки кривични дела.

Фото: Принтскрин
- Advertisement -
Ad image

Извор близок до истрагата изјавил дека осомничената била идентификувана од сведок и дека постои сомневање дека дејствувала со соучесници.

 

– Главната осомничена е идентификувана од сведок. Таа е вооружена и опасна и се верува дека е во друштво на соучесници. Се препорачува голема претпазливост при нејзино апсење – изјавил изворот.

Експлозијата се случи околу 21 часот по локално време, во понеделникот, откако пакет оставен на влезот од станбена зграда на улицата Ревен Пере Луј Фрола бил активиран.

Властите во Монако сè уште не ги потврдиле официјално идентитетите на повредените, но наведуваат дека станува збор за семејство кое било цел на намерен напад, пренесува „Мирор“.

Според медиумските извештаи, меѓу повредените е и украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев, кој претходно изјавил дека се откажал од украинското државјанство пред речиси една деценија и дека во 2023 година бил ставен под санкции од украинските власти поради наводни врски со Русија.

Во нападот била повредена и Ана Насобина, за која првично се верувало дека е сопруга на олигархот, но подоцна е утврдено дека е негова партнерка. Таа потекнува од Днепар, Украина, а живее во Лондон, каде работи како адвокатка. Таа е ќерка на поранешен висок обвинител од регионот Днепропетровск.

Од 2023 година е директорка на компанија со седиште во Лондон, а истовремено е и коосновач на приватен уметнички и литературен клуб со активности во Лондон и во Монако.

Според информациите, експлозијата ја преживеале, но Насобина сè уште е во критична состојба, додека детето е надвор од животна опасност.

Обвинителството наведува дека малолетникот веќе бил испрашуван во Франција, додека другите две жртви сè уште не се способни за давање исказ. Едно од повредените лица останува во критична состојба, со сериозен ризик по животот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation