Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.М. (51) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 29.06.2026 во семејниот дом во Гостивар пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против И.П. (18) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Пријавената на 16.06.2026 во дворно место од куќа, по претходна расправија со нејзината мајка, истата и упатувала закани на нејзината мајка со остар предмет.
На 02.07.2026 во 16:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат с.Крупиште – Пробиштип кон клучка со експресниот пат Штип – Кочани патничко возило „опел корса“ со струмички регистарски ознаки управувано од 43-годишната К.П. од с.Ангелци, општина Василево изгубило контрола и излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.П., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 02.07.2025 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.Е.(28) од Виница, затоа што при извршен претрес, со судска наредба од Основен суд Виница, во неговиот домот и просториите, биле пронајдени и одземени марихуана, банкнота со остатоци од бела прашкаста материја и дробилка, а при претрес над него, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 01.07.2026 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода М.А.(35), Б.Г.(59), Т.Р.(65), Г.Р.(38), сите од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Павел Шатев“ во Велес, по кратка расправија настанала физичка пресметка помеѓу нив, при што бил употребен и дрвен предмет. Предметот бил пронајден и одземен, а тие биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 02.07.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје А.С.(23) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.07.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје В.К.(19) од Скопје пријави дека околу 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар додека бил со неговиот брат и другар со цел да се видат со друго лице, дошол А.Б. со уште едно лице и со огнено оружје-пиштол им упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.07.2026 во 18:10 часот во СВР Скопје Р.А.(46) од Скопје пријави дека околу 12:00 часот на подрачјето на општина Аеродром по претходна расправија била физички нападната од И.С. и уште две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.07.2026 во 15:45 часот во СВР Скопје Ф.Н.(30) од Скопје пријави дека на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од М.Т.(33) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.07.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје 38-годишна жена пријави дека на 21.06.2026 околу 21:00 часот на подрачјето на Карпош нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници од кои двајца ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.07.2026 околу 23:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар малолетничка била физички нападната од две други малолетнички кои ги познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.07.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош било оштетено патничко возило сопственост на јавна установа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.07.2026 во 05:40 часот во Струга, полициски службеници го лишија од слобода М.М.(40) од струшкото село Радолишта, затоа што во станбена зграда на ул.„Партизанска“ во Струга, физички го нападнал Д.М.(40) од Струга, при што му одзел пари во разни апоени и мобилен телефон. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
