Општина Струмица ќе подигне спомен обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР во несреќата што се случи на 10 јули 2014 година, соопштија од локалната самоуправа.
Вчера, во рамки на посетата на Струмица на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев беше извршен увид на локацијата во Градскиот парк определена за поставување спомен-обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи.-Како општина ќе ја интензивираме соработката со Министерството за реализација на овој значаен проект, кој ќе претставува траен израз на почит кон хероите кои ги положија своите животи во служба на татковината и граѓаните, се наведува во соопштението од Општината.
Инаку, во хеликоптерот произведен 2008 година, на 10 јули 2014 година, пилотите на МВР- Драган Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички биле на ноќен лет на релација Скопје-Велес-Неготино-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и назад и била користена опрема за ноќно летање.
Хеликоптерот тип МИ17 се урнал откако удрил во антенски столб на „Македонската радиодифузија“, а четворицата пилоти починале веднаш.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
