Background

ДНК И ОТПЕЧАТОЦИ НА СУДИЈАТА РИСТОВ ИМА НА ФОЛИИТЕ ВО КОИ БИЛЕ ЗАВИТКАНИ СОЅИДАНИТЕ 350.000 ЕВРА

Форензичари на МВР потврдија дека ДНК и отпечатоци од обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов се пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра, кои беа соѕидани во домот на неговите родители.

На денешното судење во Кривичниот суд форензичарите кажаа дека трагите ги пронашле на две од вкупно 13 парчиња фолија што ги испитувале. Проверките не откриле отпечатоци од родителите на судијата Ристов.

Вештаците ги објаснуваа анализите на биолошките и дактилоскопските траги пронајдени на алуминиумска фолија во која биле завиткани парите. Иако ДНК трагите се совпаѓаат, отпечатоците од прсти не се совпаднале со оние на Ристов и неговите родители, при што од вештаците беше појаснето дека од ваков материјал тешко се добиваат употребливи отпечатоци.

- Advertisement -
Ad image

Обвинителката Искра Хаџи Василева оцени дека самото присуство на биолошки траги е значаен доказ во постапката.

– Секој обичен правник и кој било граѓанин знае дека биолошките материјали, како што објаснуваа и вештите лица, се подложни на контаминација, крос контаминација, но, ако најдете биолошки траги на некој материјал, тоа значи дека тие, просто постојат.  Без
оглед дали постојат и други или трети, но овие постојат, а во конкретниот случај тие потекнуваат од обвинетиот Ѓоко Ристо – изјави по рочиштето обвинителката Искра Хаџи Василева од ЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Одбраната на Ристов вели дека можеби се манипулирало со доказите и го оспорува начинот на прибирањето, чувањето
и вештачењето на доказите. Алуминиумските фолии во кои биле завиткани парите прво биле сместени во сеф на МВР, потоа предадени на Агенцијата за одземен имот, па дури потоа форензичарите барале траги кај фолиите.

– Парите се извадени од истите кеси, предадени на Агенцијата за управување со одземен имот, па е наредено вештачење по
завршување на истрага и земени биолошки траги и дадено на вештачење кое е направено на 8 април. Вам не ви е сомнително во тие 80 денови да се отвора доказниот материјал, никој не знае што е и како е запечатен после тоа и вештачени се парченца од алуминиумска фолија, ама не и парите? А овде зборуваме за 350.000 евра најдени во ѕид. Ви кажа вештакот од дактилоскопија дека му се доставени парчиња од алуминиумска фолија, а видовте на снимките дека се тоа цели алуминиумски фолии. Кој решил кое парче ќе биде доставено – изјави Ѕвонко Давидовиќ, адвокат на обвинетиот Ристов.

Фото: Принтскрин

На минатото рочиште беа покажани снимки од ѕидот каде биле пронајдени парите, а на прашањето од полицијата кој го користи катот од куќата во Неготино, таткото на судијата кажал дека просторот го употребува неговиот син Ѓоко судијата.

Судењето продолжува на 14 јули кога ќе биде презентирана комуникација од телефонот на Ристов.

Ѓоко Ристов е обвинет за перење пари и прикривање имот, откако при претрес во семејната куќа во Неготино беа
пронајдени 350.000 евра сокриени зад кујнски плочки.

Во меѓувреме, додека трае судењето, тој е оддалечен од судиската фунција, но сè уште зема плата од скопскиот апелационен суд.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation