Background

ВЧЕРАШНОТО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС

Повеќе пријави за поплави и нарушувања на инфраструктурата се регистрирани, според информациите добиени преку Единствениот број за итни повици 112 и надлежните институции, по невремето што го зафати Град Скопје и околината, а најголем број се однесуваат на поплавени станбени објекти, подруми, гаражи и сообраќајници, како и отежнато движење во делови од градот, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како најкритични подрачја се издвојуваат Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром, нагласува ЦУК и додава дека состојбата континуирано се следи, а екипите интервенираат на терен според степенот на приоритет и ризик.

Според статистичкиот преглед, кој го објави ЦУК како последница на вчерашното невреме поплавени се два подвозници, три кружни текови, повеќе од осум улици, пет населби (Кисела Вода, Автокоманда, Чаир, Аеродром, Горно Лисиче), има повеќе пријави за поплавени станбени објекти (куќи) и за поплавени подрумски и гаражни простории, два деловни објекти (магацини), една јавна институција (МАНУ), има два критични водотеци/канали и на повеќе од десет локации е пријавен отежнат сообраќај.

- Advertisement -
Ad image

Критични точки на сообраќајната инфраструктура се
подвозникот пред кружниот тек во Бутел, подвозник на бул. Србија (Кисела Вода), 
кружните текови кај Ист Гејт, Мото Центар, Цементара и Железара, 
улицата Јордан Мијалков (позади Дајмонд Мол), поплавени паркинзи и внатрешни сообраќајници во Расадник и Аеродром.

Критични точки во станбени и деловни објекти се поплавени куќи, подруми и гаражи во Кисела Вода, Автокоманда и Чаир, поплавени магацини во Чаир и Кисела Вода, поплавен објект на МАНУ (подрум, гаражи, хол и амфитеатар).

Критични точки во водната инфраструктура се Усјански канал – зголемено ниво со ризик од прелевање, река Серава (Бутел) – покачено ниво со ризик од излевање.

ЦУК соопшти дека на терен се ангажирани и координирано делуваат: Територијалните противпожарни единици (ТППЕ),
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС),
Јавните комунални претпријатија на општините, Општинските екипи
„Македонија Пат“
и други надлежни институции и служби

„Сите служби работат координирано и интервенираат на терен со цел справување со последиците од невремето, расчистување на погодените подрачја и нормализирање на состојбата“, се нагласува во соопштението.

Граѓаните кои претрпеле штети од невремето, додаваат од ЦУК, поднесуваат барања до општинските комисии за процена на штети. Комисиите ќе извршат увид и проценка на настанатите оштетувања и може од таму да се побараат информации.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation