👉 Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на државата во 2029 година и дека по завршувањето на мандатот планира да се врати на факултет.
Значи, откако ќе ја ограби Македонија, ќе ја изолира од европскиот пат, ќе го постави своето судство и обвинителство, и ќе ја доведе државата до економски и институционален колапс, сака мирно да си замине и да се врати во академска кариера?
Нема да биде така!
Мицкоски не може да си замине како да не се случило ништо.
❌ Не може да си оди во пензија или на факултет откако ја доведе Македонија во најтешка изолација во последните децении, откако ја блокираше европската перспектива и откако ја претвори државата во плен на организирана криминална група.
Времето на вистината и правдата доаѓа. Доаѓа моментот кога Македонија ќе се врати на европскиот пат, кога обвинителството ќе биде европско и независно, и кога ќе се бара одговорност од оние кои ја уништија државата.
А ние знаеме точно кој е шефот на оваа организирана криминална група која себе си се нарекува ВМРО.
Мицкоски може да сонува за враќање на факултет. Реалноста е дека пред тоа ќе мора да одговара за она што го направи со Македонија и со македонскиот народ.
Освен ако не мисли на онаа: „Затворите се нашите универзитети!“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
