Background

Јаневска: Во Македонија се затворени вкупно 18 институти

Во Македонија се затворени вкупно 18 институти, информира министерката за образование Весна Јаневска, која посочи дека станува збор за сериозни неправилности во нивното функционирање и регистрација.

Првичната бројка била 14 затворени институти, но по дополнителни проверки таа е зголемена на 18. Како што истакна Јаневска, најбруталниот пример е регистриран институт кој функционирал во просторија во казино, но и други случаи кои покажуваат сериозни отстапувања од законските услови.

– Такво нешто не се случи. Јас со големо задоволство можам да кажам дека сега конечно во помош ни доаѓа и Агенцијата за квалитет во високо образование. Години уназад до доаѓањето на новата директорка Христина Серафимовска ни една единствена евалуација не беше направена на институт, факултет, универзитет иако тоа по закони требаше да се прави. Од кога е она дојдена, направени се бројни евалуации со странски експерти вклучени за да не биде ние некого нели го гледаме со поинакви очи од другиот или повластуваме некого. Значи вклучивме во комисиите странски експерти, конечно имаме евалуации, и сега течат рокови ќе имаме затварање и на одредени факултети, на одредени приватни универзитети – истакна Јаневска.

- Advertisement -
Ad image

Јаневска смета дека со новиот закон се ограничени приватните студии во области од силен јавен интерес (правни, медицински и слични), со цел за да се обезбеди стручен кадар и квалитет во високото образование. Паралелно, државниот просветен инспекторат направи проверки и на неколку државни факултети, по утврдување на неправилности, институциите добиваат записник и мора да ги почитуваат законските одредби.

– Со новиот закон ги на некој начин оневозможивме, правните студии, медицинските студии и другите на приватните, таму каде што има силен јавен интерес, каде што државата зависи од луѓето кои тој факултет ќе ги испродуцира, односно од стручњаците и нивното знаење и на тој начин си го олеснуваме процесот за да постигнеме квалитет во високото образование. Во меѓувреме и на државните факултети направивме неколку би рекла евалуации или државниот просветен инспекторат направи, влезе на увид на неколку од нив, таму каде што генерално добиваме поплаки. Системски ќе почне агенцијата да работи после новиот закон и да утврдивме неправилности и постапивме по тие неправилности и факултетите си ги почитуваат законските одредби откако нели ќе добијат записник за тоа што треба да се поправи – вели Јаневска.

Според Јаневска, тоа е бавен процес, но важно е дека се движат работите во добар правец и дека луѓето сфатија дека има контрола и полека да се почне да се продуцира соодветен кадар.

– Релативно добро се движиме, да бавен е тој процес, но не е битно колку е бавен. Битно е дека се движиме во добар правец. Битно е дека луѓето сфатија дека ќе има контрола. Битно е дека студентите сфатија дека треба да учат и не може да се однесуваат. Целиот универзитет не може да се однесува надвор од законот, туку треба да функционира законски и тоа е навистина релативно добра порака која ние ја праќаме и очекуваме полека и тие што ќе останат да функционираат да се усогласат со сѐ што треба што е законско решение и да почне да продуцираат соодветен кадар. Затоа што, жал ми е што морам да кажам но, да јавна тајна е. Па дури и некои соседни држави се имаат усно пожалено дека квалитетот на одреден број студенти кои се испродуцирани во Македонија не е на ниво . И тука имаме добри законски решенија и верувам дека имплементацијата ќе го решава и овој проблем – вели Јаневска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation