Српскиот кошаркар Никола Јокиќ, еден од најдобрите центри во НБА лигата, повторно го привлече вниманието на јавноста – но овој пат не со своите спортски достигнувања, туку со снимки од забава кои се проширија на социјалните мрежи.
На видеата кои станаа вирални, Јокиќ се гледа како ужива во настап на пејачот Урош Живковиќ во една белградска кафеана, каде опуштената атмосфера, музиката и друштвото создадоа вистински емотивен момент.
Во текот на настапот, Живковиќ ја отпеа и познатата песна „Проклета е Америка“, што кај Јокиќ предизвика силна емоција. Во еден момент, тој го прегрна пејачот, а присутните забележаа дека кошаркарот не ја криеше насмевката, но ниту носталгичната емоција која песната ја носи со себе.
Оваа композиција е добро позната како особено емотивна за Јокиќ, а постои и анегдота дека токму таа песна еднаш го натерала да го скрши својот телефон, бидејќи го потсетила на заминувањето на неговата сопруга Наталија во САД, каде подоцна и самиот заминал.
Јокиќ во повеќе наврати јавно зборувал за својата љубов кон кафанската атмосфера и народната музика.
– Понекогаш станувам многу емотивен. За мене, тамбураши, друштвото на маса – тоа е најубавото нешто во забава. Одев на концерти, клубови, дискотеки… но кафаната и тамбурашите се нешто посебно, веројатно поради местото од каде што доаѓам – изјави Јокиќ во едно од своите интервјуа.
Тој додаде дека уште од мали нозе ја почувствувал таа култура.
– Одев во кафеана со мајка ми уште кога имав десет години. Можеби звучи необично, но сум благодарен за тоа. Кафаната за мене е институција – рече тој.
Паралелно со овие моменти од приватниот живот, српската кошаркарска репрезентација се подготвува за претстојните квалификации за Светското првенство. Србија прво ќе игра против Швајцарија на 2 јули на гостински терен, а потоа против Босна и Херцеговина на 6 јули во Белград, каде се очекува и настап на капитенот Никола Јокиќ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
