Индустриското производство во мај бележи годишен пад од 2%, објави Државниот завод за статистика.
Според овие податоци, највисок пад на производството бележи секторот рударство од 3,6 %. Во секторот преработувачка индустрија падот е од 2,6 %.
Спротивно на ова раст на производството од 6,1% бележи секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Намалувањето на производството во преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во прехранбениот сектор, текстилната, хемиската и фармацевтската индустрија како и во металната индустрија и производството на моторни возила и машини и уреди.
Раст е забележан во секторот производство на компјутерска, електронска и оптичка опрема како и во производството на неметални минерални производи, производи од гума и во дрвната индустрија.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, бележи пораст кај Енергија за 6м5 % и Интермедијарни производи, освен енергија за
3,4 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 3,3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 1,1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,4 %.
Индустриското производство во периодот јануари – мај , во однос на период лани опаднало за 0,3%.
| V 2026 V 2025 |
I-V 2026 I-V 2025 |
V 2026 Ø 2025 |
V 2026 Ø 2021 |
|
|---|---|---|---|---|
| Вкупно | 98.0 | 99.7 | 100.0 | 98.7 |
| АЕ Енергија | 106.5 | 97.3 | 74.1 | 66.9 |
| АИ Интермедијарни производи, освен енергија | 103.4 | 104.1 | 113.4 | 110.3 |
| ББ Капитални производи | 96.7 | 100.8 | 102.0 | 114.1 |
| ЦД Трајни производи за широка потрошувачка | 98.9 | 94.5 | 97.8 | 108.4 |
| ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка | 91.6 | 96.0 | 91.7 | 87.5 |
| Б Рударство и вадење на камен | 96.4 | 97.3 | 107.6 | 99.0 |
| 05 Вадење на јаглен и лигнит | 100.6 | 83.5 | 96.1 | 69.1 |
| 07 Вадење на руди на метал | 97.8 | 94.5 | 105.8 | 96.8 |
| 08 Вадење на други руди и камен | 94.3 | 106.7 | 113.8 | 112.2 |
| В Преработувачка индустрија | 97.4 | 100.0 | 101.6 | 101.9 |
| 10 Производство на прехранбени производи | 99.6 | 102.3 | 89.3 | 84.4 |
| 11 Производство на пијалаци | 87.3 | 108.9 | 80.1 | 84.7 |
| 12 Производство на тутунски производи | 98.3 | 125.0 | 135.3 | 80.2 |
| 13 Производство на текстил | 82.7 | 93.3 | 91.7 | 95.4 |
| 14 Производство на облека | 81.2 | 85.0 | 85.8 | 63.8 |
| 15 Производство на кожа и слични производи од кожа | 83.6 | 88.6 | 89.5 | 74.4 |
| 16 Преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал |
96.3 | 105.4 | 100.8 | 132.5 |
| 17 Производство на хартија и производи од хартија |
95.8 | 102.7 | 97.7 | 82.1 |
| 18 Печатење и продукција на снимени медиуми (записи) |
91.0 | 83.3 | 93.0 | 91.3 |
| 20 Производство на хемикалии и хемиски производи |
96.8 | 93.0 | 97.8 | 96.3 |
| 21 Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати |
94.0 | 89.6 | 93.8 | 128.4 |
| 22 Производство на производи од гума и производи од пластични маси |
112.8 | 104.9 | 109.0 | 172.7 |
| 23 Производство на други неметални минерални производи |
144.0 | 132.1 | 167.7 | 198.3 |
| 24 Производство на метали | 97.7 | 89.3 | 102.7 | 59.4 |
| 25 Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема |
90.7 | 98.8 | 129.8 | 62.8 |
| 26 Производство на компјутерски, електронски и оптички производи |
141.3 | 130.8 | 98.8 | 63.3 |
| 27 Производство на електрична опрема | 92.2 | 98.2 | 96.1 | 111.5 |
| 28 Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место |
87.1 | 94.2 | 100.7 | 99.9 |
| 29 Производство на моторни возила, приколки и полуприколки |
97.7 | 101.0 | 101.5 | 126.0 |
| 30 Производство на останата опрема за транспорт |
104.4 | 95.7 | 118.9 | 137.3 |
| 31 Производство на мебел | 116.0 | 102.5 | 100.4 | 117.7 |
| 32 Останата производствена индустрија | 82.8 | 72.6 | 123.9 | 82.3 |
| 33 Поправка и инсталирање на машини и опрема | 96.5 | 107.0 | 95.1 | 177.0 |
| Г Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација |
106.1 | 99.6 | 70.5 | 66.4 |
| 35 Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација |
106.1 | 99.6 | 70.5 | 66.4 |
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
