Мексико се пласираше во осминафиналето на Светското првенство откако во Мексико Сити го совлада Еквадор со 2-0.
Со овој триумф Мексиканците за првпат по 40 години успеаја да ја минат првата нокаут-пречка на мундијалските настапи. Последен пат тоа им успеа во 1986 година, кога стигнаа до четвртфиналето.
Почетокот на натпреварот беше одложен за еден час поради силни грмотевици што го зафатија Мексико Сити.
Домаќинот одигра одлично уште во првото полувреме и поведе во 22. минута со прекрасниот погодок на Хулијан Кињонес.
Само девет минути подоцна, Раул Хименез ги постави конечните 2-0, повторно по асистенција на Кињонес, со што практично го реши прашањето за победникот.
Во осминафиналето Мексико ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Англија и ДР Конго.
Франција без поголеми проблеми ја совлада Шведска со 3-0 и обезбеди осминафинален дуел против Парагвај.
Килијан Мбапе уште еднаш ја потврди својата класа постигнувајќи два гола, во 45. и 74. минута, додека стрелец на третиот погодок беше Бредли Баркола во 53. минута.
И покрај убедливата победа, францускиот селектор Дидие Дешан смета дека неговиот тим можел многу порано да го реши прашањето околу победникот.
– Направивме што требаше, иако бевме малку воздржани во првите 15 минути. Потоа покажавме колку можеме да создаваме шанси. Единственото нешто за кое можеме да жалиме е што не бевме доволно ефикасни во првото полувреме. Можевме порано да го решиме прашањето за победникот, но толку многу ги исцрпувавме што ни беше полесно по паузата – изјави Дешан.
Францускиот стратег порача дека нема простор за еуфорија и дека неговата репрезентација веднаш ќе почне со подготовките за следниот предизвик.
– Нема да полетаме. Ќе уживаме во оваа победа, а потоа за 48 часа повторно ќе се фокусираме на она што нè очекува. Знаеме дека за четири дена мора повторно да бидеме на највисоко ниво – истакна Дешан.
Tagged as:
Светското првенство доби уште два сигурни патника во осминафиналето
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
