Мицкоски го претстави старо-новиот кабинет на тендер коалицијата: Курто и Мурто ги разменија фотелјите
Шефот на организираната криминална група- Христијан Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји.
Нема резултати – има театар со реконструкција.
Ова не е реформа на Владата туку козметичка промена на истата криминална структура.
Некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти.
Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè во исти раце.
Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека нешто се менува.
Ова е тактиката на Мицкоски: кога економијата е во колапс, кога буџетот е празен, кога нема пари ни за пензии, кога европскиот пат е блокиран – тогаш се прави „реконструкција“ за да се одвлече вниманието.
Ниту една сериозна реформа не е направена. Ниту еден крупен проблем што ги мачи граѓаните не е решен. Само се прераспределуваат министерски фотелји меѓу истите луѓе и нивните сателити.
Мицкоски само го префарба истиот криминален систем, за да може уште некое време да го одржува на власт.
Не е ова никаква промена. Ова е признание дека досегашната Влада е неуспешна, но наместо да се признае одговорноста, се прави уште еден круг на театар.
Граѓаните не сакаат старо-нови имиња на старо-нови позиции. Тие сакаат резултати. А резултати нема, ниту ќе има, додека на чело на државата е истата организирана криминална група.
Во секој случај, нè очекуваат предвремени избори. Пари нема, па и оваа претстава ќе трае кратко.