Спасувачките екипи, пожарникарите и полицијата попладнево трагаат по тројца мажи и една жена, откако зградата се урнала околу 13:30 часот на улицата Алкменис во Атина.
На местото се распоредени 30 пожарникари, осум возила и специјална спасувачка единица со кучиња трагачи. Во акцијата се вклучени и екипи на брзата помош, полицијата и службите задолжени за електричната и комуналната инфраструктура.
Три болници во Атина се ставени во состојба на готовност за прием на евентуални повредени.
Според првичните информации, зградата се урнала додека се изведувале градежни работи на соседен објект.
Надлежните служби засега не потврдуваат дали токму тие активности ја предизвикале несреќата, но тоа е една од главните насоки на истрагата.
Според грчките медиуми, во четирикатницата имало вкупно 7 станови. Властите соопштија дека идентитетот на четирите исчезнати лица е утврден по телефонски повик, но сè уште нема потврда дали навистина се наоѓаат под урнатините.
Истрагата за причините за несреќата ќе започне по завршувањето на спасувачката операција.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
