Background

ДРЖАВАТА КОНЕЧНО ВОВЕДУВА РЕД ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА, ПРИРЕДУВАЧИТЕ И НИВНИТЕ ПОРТАЛИ БЕСНЕАТ

Новиот Закон за игри на среќа и забавни игри предизвика бран реакции од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) и Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), кои денеска го нарекуваат законот неуставен, шверцерски и штетен, а до пред неколку години истата регулатива ја величеа како европска и одлична, се додека преку неа добиваа лиценци по сопствена мерка.

Парадоксот е очигледен. Се додека старата регулатива им овозможуваше на приредувачите со само една лиценца да отвораат неограничен број обложувалници и електронски казина низ целата држава, истата регулатива беше „одлична“ и „европска“. Сега кога новиот закон бара за секој одделен објект да се поседува засебна лиценца, истите тие гласно ја прогласуваат регулативата за противуставна.

ДРЖАВАТА ИМА ДИСКРЕЦИОНО ПРАВО ДА ОДЛУЧУВА ЗА ИГРИТЕ НА СРЕЌА

Според уставно судската пракса, потврдена и преку неодамнешните одлуки и реакции поврзани со Уставниот суд, регулирањето на пазарот на игрите на среќа е прашање на законодавна политика на државата. Законодавецот има дискреционо право да одлучува за обемот, начинот и условите под кои ќе се организираат поединечните видови игри на среќа, при што таквото право не претставува повреда на членот 55 од Уставот за слободен пазар и претприемништво.

- Advertisement -
Ad image

Оваа пракса не е специфичност само за Македонија, туку се применува и во останатите европски земји, каде државите задржуваат право да одлучуваат дали, под кои услови и во кој обем ќе дозволат организирање на одредени видови игри на среќа. Затоа е нејасно зошто токму домашните приредувачи сметаат дека на нив не треба да важат истите принципи кои важат насекаде во Европа.

ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ ПЛАЌААТ ОДРЕДЕНИ ПОРТАЛИ ЗА ОДБРАНА НА НЕЛЕГАЛНИТЕ ПРАКТИКИ

Дополнителен проблем претставува фактот дека одредени интернет портали, традиционално блиски до секоја актуелна власт во Северна Македонија, се борат против новиот закон од петни жили. Причината не е загриженост за граѓаните, туку фактот дека преку медиумско покривање и одбрана на нелегалните активности на приредувачите на игри на среќа, тие инкасираат месечно по неколку илјади евра.

Токму затоа, секоја критика упатена кон новиот закон треба да се чита со резерва, бидејќи зад декларативната грижа за работните места и за уставноста, често стои директен финансиски интерес на самите приредувачи и на нивните медиумски соработници.

НОВИОТ ЗАКОН ВОВЕДУВА РЕД, А НЕ ХАОС

Новата законска регулатива предвидува посебна лиценца за секој поединечен објект, за разлика од досегашната пракса каде една лиценца овозможуваше отворање неограничен број обложувалници и казина. Ваквото решение е во согласност со законската логика на построга контрола, поголема транспарентност и спречување на злоупотреби во секторот.

Сепак, дел од приредувачите и поврзаните портали продолжуваат да го нарекуваат законот неуставен, иако истите аргументи не ги истакнуваа додека профитираа од порелаксираните услови. Прашањето кое останува отворено е дали навистина станува збор за загриженост за граѓаните, или за обид да се зачуваат привилегии стекнати преку поранешна, помалку строга регулатива.

Сашо Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation