Собранието го усвои новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори, со што Македонија направи еден од најзначајните реформски чекори во енергетиката во последните децении. За првпат обновливите извори на енергија се уредуваат со посебен закон (Lex specialis), со кој се воспоставува современа, европски усогласена и предвидлива правна рамка за развој на чистата енергија, соопшти Министерството за енергетика.
-Новото законско решение има цел да ја зајакне сигурноста во снабдувањето со енергија, да овозможи исполнување на обврските преземени со ратификацијата на Договорот од Париз, да придонесе кон постигнување на националните задолжителни цели за учеството на енергијата произведена од обновливи извори во бруто финалната потрошувачка на енергија, како и да обезбеди усогласеност со националните стратешки и плански документи од областа на енергетиката, вклучително и Интегрираниот национален план за енергија и клима – посочуваат од Министерството за енергетика.
Меѓу најзначајните новини кои ги носи овој закон е воведувањето на современиот европски механизам двонасочен договор за пазарно порамнување на разликата (Two-way Contract for Difference).
Овој модел обезбедува финансиска предвидливост за инвеститорите, гарантира минимален приход за производителите, а истовремено овозможува ограничување на прекумерните добивки во услови на високи пазарни цени, со што се создава дополнителна заштита за граѓаните и стопанството.
Според Министерството, со законот се воспоставува транспарентен, недискриминаторен и конкурентен систем за доделување мерки за поддршка преку повластена тарифа и пазарна премија, овозможувајќи поефикасно користење на обновливите ресурси, привлекување нови инвестиции, поттикнување на претприемништвото, отворање нови работни места и воведување современи технологии.
Законот првпат ги уредува и механизмите за нето-мерење (Net metering) и нето-пресметка (Net billing), со што се создаваат услови домаќинствата, компаниите и институциите активно да произведуваат, користат и управуваат со електрична енергија од обновливи извори.
За првпат се воспоставува и јасна правна рамка за формирање и функционирање на граѓанските енергетски заедници.
-Преку неа, граѓаните, општините и компаниите ќе можат доброволно да се здружуваат за заедничко производство, складирање, потрошувачка и продажба на електрична енергија, како и за реализација на локални енергетски проекти што ќе носат директни економски, еколошки и социјални придобивки- велат од Министерството за енергетика.
Законот дополнително ја зајакнува националната рамка за гаранции за потекло на електричната енергија произведена од обновливи извори.
-Со неговото донесување се создаваат услови националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ да стане полноправна членка на европската Асоцијација на издавачки тела (AIB) и да се приклучи кон AIB HUB – европската мрежа за прекугранична трговија со гаранции за потекло. Со тоа македонските производители на зелена енергија ќе добијат можност нивните гаранции за потекло да бидат признаени и тргувани на европскиот пазар, што претставува значаен чекор кон поголема конкурентност и интеграција во европскиот енергетски систем – велат од Министерството.
Воедно, по стапувањето во сила на Законот, ќе започнат активностите за воспоставување аукциска платформа за тргување со гаранции за потекло, со што системот ќе стане целосно функционален.
Законот се очекува да се обезбеди:
Tagged as:
Усвоен нов закон за обновливи извори
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
