Одрон однесе автобус од локален пат во австриската долина Штанцертал во понеделникот вечерта, објавија австриски медиуми. Покрај возачот, во автобусот имало уште тројца патници, но сите се спасени од пожарникари.
Водата и калта од потокот Хое Рифе на патот достигнале висина од околу 80 сантиметри и продреа во автобусот, што ги принуди членовите на Доброволната противпожарна служба да ги извлекуваат од калта 49-годишниот возач и тројцата патници. Возачот на автобусот, кој бил повреден, е однесен во болница во градот Замс со возило на брза помош, а патниците не биле повредени.
Затрупаниот општински пат остана затворен подолго време. Пристапот до околните населби во областа беше можен само преку заобиколен пат. Патот беше расчистен доцна вечерта, со употреба на тешка механизација.
По обилните дождови, во понеделник се случија неколку одронувања. Камења и кал ги покрија, меѓу другото, државните патишта Б171 и Л68. На патот помеѓу Шнан и Флирш, порој однесе редовен автобус што се движеше низ долината, објавија австриски портали.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
