Background

Ѓорческа напладне на мегдан со ланската финалистка на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има своето историско деби во главниот жреб на еден Гренд слем турнир. Точно напладне, на Вимблдон, таа ќе се соочи со шестата носителка и ланска финалистка, Американката Аманда Анисимова.

Ѓорческа пласманот во главниот жреб го обезбеди преку квалификациите, каде оствари три импресивни победи.

Во првото квалификациско коло ја совлада Шпанката Анхела Фита Болуда со 2-0 во сетови (6:2, 6:4). Потоа следуваше триумф над Португалката Франциска Жорже со 2-1 (5:7, 6:2, 6:1), откако по загубениот прв сет направи целосен пресврт и убедливо ги освои следните два.

- Advertisement -
Ad image

Во решавачкиот меч за пласман во главниот жреб, македонската тенисерка доминираше против Италијанката Лаура Бронцети, славејќи со убедливи 2-0 во сетови (6:1, 6:2).

Нејзина прва противничка во главниот жреб ќе биде Аманда Анисимова, која минатата година играше во финалето на Вимблдон и годинава настапува како шеста носителка.

Американката во пресрет на турнирот одигра само два официјални меча на турнирот во Квинс, каде беше елиминирана во четвртфиналето. Потоа накратко се врати во Соединетите Американски Држави, потег што го оцени како добар, особено поради повредата на зглобот што ја мачеше за време на сезоната на земјена подлога.

Натпреварот меѓу Ѓорческа и Анисимова ќе го отвори денешниот распоред на теренот број 2, а почетокот е закажан за 12 часот по македонско време со телевизиски пренос на каналот Арена М2 Премиум.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation