Background

ЗАЈАЧКАTA РИБА КАСНА ЖЕНА НА ХАЛКИДИКИ

Жена завршила на лекарска помош откако била касната од зајачка риба додека влегувала во морето на плажа во Пефкохори. Таа тврди дека рибата се закачила за ногата и одбивала да ја пушти.

Според нејзиното сведоштво за грчката телевизија АНТ1, мирно влегувала во морето кога одеднаш почувствувала силна болка.

– Реков: „Нешто ме гризе и не ме пушта“. Погледнав надолу и видов огромна риба. Знаев како изгледа лагокефалосот бидејќи претходно бев информирана. Се исплашив и почнав да ја тресам ногата за да се ослободам – раскажала жената.

„За среќа забите не влегоа подлабоко“

- Advertisement -
Ad image

Таа успеала да стигне до брегот, но била видно вознемирена и во шок. Нејзините пријатели веднаш излегле од водата и ѝ помогнале.

Според неа, вистинска среќа било тоа што рибата ја каснала во пределот на глуждот.

– За среќа, ме касна преку коската на глуждот, па забите не успеаја да навлезат подлабоко во ткивото. Сепак, ми остави голема и видлива рана – изјавила таа.

Присутните на плажата веднаш ѝ укажале прва помош и го запреле крварењето.

Потоа била пренесена во локален здравствен центар, каде примила серум против тетанус, антибиотска терапија и дополнителен третман.

Веќе добро познат гостин во грчките води

Последниве години зајачката риба сè почесто се појавува во грчките води, а рибарите редовно известуваат за улов на овој вид во Егејското Море.

Жената е убедена дека станувало збор токму за лагокефалос.

– Нема никаква можност да била друга риба. Јасно ја видов и невозможно е да ја помешам – рекла таа.

Грчкиот Црвен крст претходно предупреди за зголемено присуство на овој вид долж грчкото крајбрежје.

Силни вилици и остри заби

Зајачката риба се смета за еден од најинвазивните видови во Средоземното Море. Има исклучително силни вилици и остри заби, поради што може да предизвика сериозни повреди.

Експертите сметаат дека нејзиното сè почесто присуство во Егејското и Јадранското Море е поврзано со промените на температурата на морската вода.

Грчките власти нудат 5 евра за килограм улов од оваа риба која е опасност по биодиверзитетот во водите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation