Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се чувствува одлично и подготвено пред мечот на ланската финалистка на Вимблдон, Амана Анисимова, вели тренерот на Ѓорческа за „Мундокаст“ на 4news.
– Мислам дека еуфоријата повеќе се чувствува таму во Македонија, во сите медиуми и портали. Кај нас тој прв бран на емоции по пласманот во главниот турнир веќе помина. Влезени сме во нормален процес на тренирање и подготовки за мечот кој следи. Лина се чувствува одлично, здравствено е сè супер и сè е подредено на тој настап – изјави Димитар Лабудовиќ ексклузивно за „Мундокаст“ велејќи дека со 3 меча зад себе Лина е навикната на условите.
Ѓорческа која стана првата Македонка која ќе учествува во главната ждрепка на еден гренслем турнир – легендарниот Вимблдон. Таа го оствари својот сон. Со убедлива победа во квалификациите обезбеди пласман на најпрестижниот гренслем во светот.
Осврнувајќи се на досегашниот успех на Лина, Лабудовиќ вели дека и не треба да има притисок за претстојниот меч.
– На крајот од денот, притисок не треба да има. Лина нè стави на светската тениска мапа, сите сме зад неа, па нека му ја мисли Анисимова -самоуверено порача тренерот и ипрати силна порака да се вреднуваат и поддржуваат македонските спортисти, а не само „да ги тапкаме спортистите по рамо“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
