Познатиот скопски бизнисмен Марјан Јованов (58), во јавноста познат како Мане Левис, е пронајден мртов во дворот од својот дом во скопската населба Карпош, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен вчера во 18:15 часот, кога во базен во дворот од куќата било пронајдено безживотното тело на Јованов.
„На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, во базен во двор од куќа, бил пронајден починат М.Ј.(58) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција“, соопштија од МВР.
Причините за смртта засега не се познати. Одговорите се очекуваат по обдукцијата што ќе ја изврши Институтот за судска медицина, по што ќе бидат познати повеќе детали за околностите под кои починал Јованов.
Марјан Јованов беше еден од најпознатите македонски бизнисмени и долгогодишен дистрибутер на брендот „Левис“ во Македонија. Во јавноста беше познат и по тоа што беше обвинет во предметот „Шпански скали“, но во судската постапка доби ослободителна пресуда.
Надлежните институции продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
