Нови лекови на позитивна листа од јули, најави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на брифинг со новинарите.
– Значи, конечно ќе ги има во аптека Клексан и Фраксипарин, и плус уште еден. Се работи за лекови, антикоагуланси. Генерално, за неколку различни популации. Да кажеме од акутни случаи, постоперативно, за спречување на коагулации после тешки интервенции. На пример после замена на колк, се користат кај повозрасната популација со срцеви проблеми – појасни директорот.
На новинарско прашање, тој одговори дека тоа кај нас со бремените жени стана широка пракса, а во индикациите на Клексанот никаде не пишува бремени жени дека треба да го земаат. Треба да го земаат бремени жени со одредени индикации, а не бремени жени само по себе. Кога станува збор за овој лек, во индикации немало одобрение во Малмед таква употреба.
Директорот беше прашан зошто на секоја жена кога ќе направи ин витро мора по дефолт да и се препише Клексан.
– Кај патолошките бремености, сега планираме специјален состанок со ГАК, оти е комплетно нејасно на што тие одлучуваат дека е патолошка бременост, бидејќи две третини од бременостите се веќе патолошки, што е ненормално. Мислам, не може две третини да е патологија – рече Клековски.
Тој говореше за приоритетите на Фондот како поголема контрола на масовната потрошувачка со рецепт, правење простор за воведување на новите, поскапи лекови, да се воведе современа терапија, и борба против измамите, кога се во прашање лековите.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
