Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа слета во Абу Даби од каде денеска ќе ја почне тридневната дипломатска турнеја по земјите од Персискиот Залив. Покрај Обединети Арапски Емирати ќе ги посети и Кувајт и Бахреин, со цел пред арапските сојузници да го претстави Меморандумот за разбирање помеѓу САД и Иран.
Предвидено е Рубио во Бахреин да се сретне со претставници на Советот за соработка во Заливот – здружение на шесте сунитски монархии Бахреин, Катар, Кувајт, Оман, Саудиска Арабија и ОАЕ.
Иако лидерите на Советот генерално ги поддржаа напорите за запирање на американско-израелската војна со Иран, повеќето се загрижени од конкретните услови на Меморандумот за разбирање што американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша минатата недела со Техеран.
Едно од прашањата што предизвикува особена загриженост кај регионалните претставници е можноста за создавање фонд за обнова на Иран од 300 милијарди долари. Лидерите од Персиски Залив сметаат дека Исламската Република ќе го искористи овој фонд за обновување на својот воен потенцијал, истовремено финансирајќи ги регионалните групи што дејствуваат како нејзини марионети.
Фактот што Меморандумот за разбирање не го засега прашањето за иранската програма за балистички ракети, исто така ги загрижува сојузниците на Вашингтон во Персискиот Залив, кои во последните месеци беа изложени на ирански напади со ракети и со беспилотни летала.
Во ОАЕ, Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин и во Катар има американски воени бази. Доколку некоја од овие држави ја преиспита својата безбедносна соработка со САД, па дури и во помала мера, тоа би можело да има значително влијание врз воената стратегија на САД во регионот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
