Жителите кои живеат во близина на депонијата Уборак кај Мостар добија наредба за евакуација откако утрово избувна нов пожар што ги загрозува околните населби. Се работи за нов пожар по првиот инцидент во понеделникот. Оттогаш во градот е прогласена вонредна состојба.
Градоначалникот на Мостар, Марио Кордиќ, соопшти дека евакуираните граѓани ќе бидат сместени во прифатниот центар во Салаковац.
– Ситуацијата е тешка, а последиците ги трпат граѓаните – посочи градоначалникот.
Пожарот првпат избувна во понеделник, по што брзо се прошири кон магацини, објекти и опрема за рециклирање.
Според досегашните информации, најголема штета е предизвикана врз инфраструктурата на депонијата. Целосно изгорела салата за рециклирање со целата опрема што се наоѓала во неа.
Неофицијалните проценки говорат за штета од повеќе милиони евра.
Снимките од местото покажуваат густ црн чад кој се издига над овој дел од Мостар, додека пожарникарите и натаму се обидуваат да го стават огнот под контрола.
Дополнителен проблем претставува загадувањето на воздухот. Експертите предупредуваат дека долготрајната изложеност на чад може сериозно да ги загрози чувствителните категории граѓани, особено децата, постарите лица и хронично болните.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
