Туристичката сезона секоја година носи поголемо оптоварување за полициските службеници во туристичките центри на Северна Македонија. Наместо домашните потреби да бидат приоритет, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одлучил да испрати полициски службеници на испомош на полицијата во Република Албанија, во рамки на меѓународна полициска соработка која ќе ги опфати Македонија, Косово, Црна Гора и Италија.
Секторот за внатрешни работи во Охрид, кој ги покрива општините Охрид, Струга, Дебар, Дебарца и Кичево, се соочува со алармантен недостаток на униформирани полициски службеници. Полицискиот оддел во овој регион е неекипиран, а постојниот кадар работи во услови на постојан притисок.
Полицајците во овој дел од земјата секоја година се соочуваат со исти проблеми, бројот на службеници е премал за обемот на работа, особено за време на туристичкиот сезонски врв. Поради недостатокот на кадар, истите вработени се принудени постојано да ротираат меѓу прва, втора и трета смена, без соодветен одмор и со зголемен ризик од професионално исцрпување.
Во ситуација кога домашните полициски станици во туристичките центри немаат доволен број службеници за сопствените потреби, одлуката за испраќање полицајци на испомош во соседна држава отвора сериозни прашања. Логично е граѓаните и самите полицајци да се запрашаат како институцијата ќе обезбеди безбедност и нормално функционирање во земјата, ако истовремено испраќа кадар надвор од границите.
Меѓународната полициска соработка, која инаку е стандардна практика во регионот за време на летниот период, во овој случај доаѓа во момент кога домашниот терен веќе е под голем притисок. Токму поради тоа, потегот на министерот Тошковски наидува на критики, бидејќи приоритет треба да биде заштитата и поддршката на сопствените граѓани и туристи, особено во регионите кои веќе соопштуваат за акутен недостаток на униформирани службеници.
Состојбата во СВР Охрид покажува дека проблемот со недостаток на полициски кадар не е нов, туку повторлив проблем кој секоја година се актуализира со настапувањето на туристичката сезона. Додека домашните полициски станици во Охрид, Струга, Дебар, Дебарца и Кичево се борат со неекипираност и постојана ротација на смени, испраќањето на полицајци на испомош во странство дополнително го отвора прашањето за приоритетите во распределбата на ограничените човечки ресурси во Министерството за внатрешни работи.
С.ДЕНЕСОВСКИ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
