Background

Со цена на дизелот од 1,25 евра и на бензинот од 1,34 евра Македонија и оваа недела има најниска цена на горивата во регионот

Со цена на дизелот од 1,25 евра и на бензинот од  1,34 евра Македонија и оваа недела има најниска цена на горивата во регионот.

Според најновите достапни податоци, најскапиот дизел во регионот се продава во Албанија и во Србија. Во Албанија тој  чини 1,89 евра, 1,87  додека, пак, во Србија чини 1,77 евра.

Грција има цена на дизелот, од околу 1,73 евра, во  Хрватска тој  чини 1,59 евра. Во Црна Гора  чини 1,55 евра, а во Босна и Херцеговина 1,53 евра.

- Advertisement -
Ad image

Кога станува збор за бензин, најскапиот се продава во Грција, каде што чини речиси 2 евра. Албанија е следна на листата на земји со најскап бензин. Таму, литар чини околу 1,8 евра. Во Црна Гора, бензинот чини 1,59 евра. Литар бензин во Хрватска моментално чини 1,57 евра, додека литар  бензин во Србија чини 1,56 евра.

Босна и Херцеговина е меѓу земјите со најприфатливи цени на бензинот во регионот. Литар чини нешто помалку од 1,5 евра.

Цената на нафтата на светскиот пазар паѓа од 11 јуни, односно од моментот кога американскиот претседател Доналд Трамп започна серија најави за претстојното потпишување на договор што треба да го заврши конфликтот со Иран.

Од 11 јуни до денес, цената на нафтата Брент падна за околу 15 долари за барел. Денеска цената на нафтата од типот Брент чини 76,98 долари за барел, а американската WTI чини 73,03 долари по барел.

Падот на цената на суровата нафта почна да се прелева на пумпите низ целиот свет.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation