Background

Русите возвратија со напади врз Киев

Експлозии одекнуваа низ Крим во текот на целата ноќ, додека пожари гореа во близина на Керч, нафтени терминали и во близина на позиции на руската противвоздушна одбрана. Поради нападите, мостот Керч беше затворен повеќе од пет часа, а сообраќајот беше обновен дури во раните утрински часови.

Според украински и според руски извори цитирани од медиумите, удари биле регистрирани на повеќе локации низ окупираниот полуостров.

Гореше терминалот во Керч

Телеграм-каналот „Кримски ветер“ објави дека нови жаришта се појавиле на нафтениот терминал во Керч, кој бил погоден и во претходните напади.

- Advertisement -
Ad image

Пожари биле забележани и во близина на Бахерово, каде се распоредени руски системи С-300 и С-400. Сателитски снимки регистрирале огнени жаришта и во пристаништето Кавказ, како и во близина на железничката станица Пивдена во Керч.

Каналот „Супернова+“ објави дека бил погоден и комплексот за складирање и за претовар на гориво „ТЕС Терминал“.

 

 

Мостот беше затворен

Според информациите објавени на каналот што ја следи состојбата на мостот Керч, сообраќајот бил прекинат во 23:24 часот.

Блокадата траела повеќе од пет ипол часа. Возилата повторно почнале да го користат мостот во 05:10 часот наутро.

Руските власти на Крим засега не ги коментираа пожарите и нападите.

 

 

Руски удари врз Украина

Додека траеја нападите врз Крим, Русија изврши нов бран воздушни удари врз Украина.

Во нападите врз Харков, Запорожје и врз Сумската област биле повредени шест лица. Утрово жителите на Киев биле повикани да се упатат кон засолништата поради опасност од нов масовен напад.

Од друга страна, руските власти соопштија дека во украински напади со дронови врз Доњецк биле повредени 18 лица.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation