Background

Руските власти ја прекинаа продажбата на гориво на поединци и на бизниси на Крим

Руските власти ја прекинаа продажбата на гориво на поединци и на бизниси на Крим.

Одлуката доаѓа во услови на сериозен недостиг на гориво и слаба туристичка сезона, бидејќи украинските напади со беспилотни летала сè повеќе ја нарушуваат нафтената и транспортната инфраструктура на Русија.

Сергеј Аксјонов, гувернер на полуостровот Крим, објави дека почнувајќи од 21 јуни, бензинските пумпи повеќе нема да продаваат гориво на никој освен на државните агенции.

- Advertisement -
Ad image

– Горивото ќе се испорачува исклучиво на државните служби одговорни за одржување на основните услуги и обезбедување безбедност – рече Аксјонов во кратка видеопорака на Телеграм, без да прецизира кога продажбата на гориво би можела да продолжи.

Во последните месеци украинската војска ги засили нападите со беспилотни летала со среден дострел врз камиони за гориво што го снабдуваат Крим. Полуостровот е поврзан со континентална Русија само преку Кримскиот мост и коридор широк околу 100 километри.

По последните украински напади, на социјалните медиуми циркулираат снимки од огромни редици автомобили кои се обидуваат да го напуштат Крим.

 

Според информациите, цел на украинските напади била и термоцентралата Тавријска во Крим. Напаѓани се и бродовите од Русија кои ореку воден пат носат залихи од разни производи во Крим.

 

Освен Крим, широката украинска кампања со беспилотни летала ги таргетираше и клучните руски рафинерии за нафта, цевководите и сродна инфраструктура, со што придонесе за недостиг на гориво во повеќе руски региони.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги опиша нападите како „долгорочни санкции“ против Русија, која своите воени операции во голема мера ги финансира со приходите од нафта.

Во својот последен извештај од 21 јуни, Зеленски рече дека украинските сили погодиле морска логистика што се користи за транспорт на нафта во регионот Краснодар и складиште за нафта во Крим.

„Покрај тоа, успешно беа погодени воени логистички објекти, заедно со четири радарски станици што припаѓаат на системи за воздушна одбрана… Русија разбира само сила, а нашите сили со долг дострел сигурно работат за мир“, порача Зеленски.

 

Гувернерот Аксјонов потврди дека нападите биле насочени кон кримското пристаниште Керч. Тој рече дека 4 лица се убиени, а 28 се повредени во украинскиот напад.

Руските и украинските канали на Телеграм објавија снимки од густи столбови црн чад што се издигаат од областа.

Освен врз Крим, Украина изврши серија напади со дронови во Доњецк и во Запорожје, како и во близина на Москва, каде повторно цел на нападите беше московската рафинерија за нафта, но и други локации.

Москва соопшти дека се соборени десетици дронови.

„Скоро 60 дронови испратени кон Москва беа соборени“, објави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин на Телеграм.

Тој додаде дека службите за итни случаи се распоредени во областите каде што беа соборени дроновите.

Аеродромите Шереметјево, Домодедово и Внуково, како и Жуковски во близина на главниот град, ги прекинаа летовите, а летовите подоцна беа продолжени, соопшти телото за контрола на воздушниот сообраќај.

Министерството за одбрана на Русија информира дека во текот на ноќта се соборени 301 дрон.

Во меѓувреме траат и руските напади со беспилотни летала и со ракети низ цела Украина. Во централниот регион Полтава, најмалку 2 лица беа убиени, а 14 беа ранети.

Дипломатските напори предводени од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина се во застој во последните месеци, откако Вашингтон се фокусираше на војната против Иран и немирите на Блискиот Исток.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation