Background

Иранците не се откажуваат од правото на збогатување ураниум

Ситуацијата во Либан, каде израелската војска речиси секојдневно спроведува напади против Хезболах, ќе биде главна тема на мировните преговори со САД, што се одржуваат во Швајцарија, соопштија денеска власите на Иран.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека „ционистичкиот режим продолжува да ги крши своите обврски кон Либан“ и дека тоа ќе биде централна тема на денешните разговори. Во видеоизјава објавена преку иранските државни медиуми тој додаде дека прекинот на непријателствата во Либан е клучен за Иран, а додаде и дека ќе се разговара и за одмрзнување на иранските средства и за продажбата на нафта.

Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема намера да произведе атомска бомба, но предупреди дека нема да се откаже од збогатувањето ураниум за цивилни цели.

- Advertisement -
Ad image

– Можеме и писмено да потврдиме дека немаме намера да произведеме атомска бомба. Но, нема да се откажеме од нашето право на збогатување ураниум – изјави Пезешкијан, додавајќи дека Иран тоа постојано го повторува.

Иранскиот министер за нафта, Мохсен Пакнеџад, пак изјави дека нафтената индустрија на Иран ќе биде клучен тест за секој конечен мировен договор со САД, доколку западните земји останат верни на неговиот дух.

Според Пакнеџад, во периодот по договорот, иранскиот нафтен сектор ќе ѝ понуди на светската економија значителни инвестициски можности.

Тој додаде дека секторот располага со стотици инвестициски проекти, како и со договори за техничко и оперативно партнерство подготвени за потпишување.

Разговорите меѓу Иран и САД со посредство на Пакистан и Катар, ќе траат еден ден.

Двете земји во средата потпишаа меморандум за разбирање со цел да се постигне траен мир на Блискиот Исток, но договорот е нарушен од продолжените израелски воздушни напади врз Либан и судирите меѓу Израел и Хезболах. Според меморандумот, САД и Иран во рок од 60 дена треба да ги договорат сите детаљи од конечниот мировен договор.

Либанските медиуми соопштија дека во израелски напад во долината Бекаа загинале пет лица, меѓу кои и едно дете, додека израелската војска соопшти дека ги завршува своите „превентивни“ операции во Либан.

Иран смета дека израелските напади се кршење на договорот и дека одговорноста за тоа ја носат САД.

Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, утрово пристигна во Швајцарија на мировните преговори, изразувајќи надеж за напредок околу нуклеарната програма и прекинот на огнот во Либан. Со него на разговорите ќе бидат присутни и специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, кои треба да учествуваат во разгледувањето на техничките аспекти на нуклеарните преговори.

Иранската делегација, предводена од главниот преговарач, Мохамад Багер Галибаф, претходно пристигна на местото на преговорите, заедно со министерот за надворешни работи, Абас Аракчи, и други високи претставници.

Во разговорите меѓу САД и Иран ќе учествуваат и пакистанскиот премиер, Шехбаз Шариф, началникот на пакистанската армија, фелдмаршал Асим Мунир, како и посредници од Катар.

Првично беше предвидено Венс да пристигне уште вчера во швајцарското одморалиште Бургеншток во близина на Луцерн, но неговото заминување од САД беше одложено поради ескалацијата на борбите во Либан и одлуката на иранските власти привремено да го одложат своето учество на разговорите.

Американската Централна команда ги оспори тврдењата на Иран дека Ормускиот Теснец е повторно е затворен и соопшти дека американските сили продолжуваат да ја следат состојбата за да обезбедат непречен сообраќај по водниот пат.

Венс изјави дека во изминатите денови низ теснецот поминале милиони барели нафта.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation