Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека забрзаниот прием на Украина во ЕУ „не би бил фер“ кон земјите од Западен Балкан, истакнувајќи дека унгарската влада е меѓу земјите-членки кои би сакале побавно темпо на процесот.
– Мислењата се поделени кога станува збор за пристапувањето на Украина во Европската унија. Унгарија е за процес базиран на заслуги и конкретни резултати – рече Маѓар вчера на прес-конференција во Брисел пред состанокот на Европскиот совет, објави унгарскиот портал „Телекс“.
Маѓар, исто така, го поздрави фактот дека е постигнат договор со Украина во врска со правата на унгарското малцинство во Закарпатскиот регион. Ова овозможи отворање на првиот кластер преговори за пристапување на Украина во Европската унија.
Според него, унгарската влада не е сама во спротивставувањето на отворањето на други кластери за преговори.
Тој нагласи дека „Европската унија не може да ги заобиколи земјите од Западен Балкан – кои со години водат преговори – со примена на различен модел на проширување за Украина, бидејќи тоа не би било ниту фер ниту прагматично“.
Како што изјави, „некои би сакале различен процес на пристапување“.
– Некои би ги отвориле сите преговарачки поглавја веднаш, а некои би отвориле само две поглавја – рече тој, истакнувајќи дека унгарската влада е меѓу земјите-членки кои би сакале побавно темпо на процесот.
Како што изјави, ќе биде потребна едногласност.
– Тешко е да се најде компромис меѓу 27. земји-членки, но се сеќавам на ситуации од минатото кога тоа беше постигнато – рече премиерот.
Маѓар, исто така, рече дека е малку веројатно Унгарија да се согласи со другите земји-членки за сите прашања, но дека е посветен на претставување на интересите на унгарскиот народ во секоја дискусија.
– Ние ќе ја претставуваме Унгарија на поинаков начин. Нема да се судриме само заради судирање. Без разлика дали ќе се согласиме или ќе ставиме вето на нешто, тоа нема да биде од причини на внатрешна политика или партиски интереси.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
