Background

Пресуда за тројца затвореници во Велика Британија

Тројца затвореници се прогласени за виновни за убиството на осуден убиец на дете, кој беше избоден до смрт во својата ќелија.

Кајл Беван, 33-годишен, беше избоден 25 пати во затворот со висок степен на безбедност Вејкфилд во Западен Јоркшир во ноември минатата година од осудените убијци Марк Фелоус, Ли Њуел и Дејвид Тејлор.

Беван отслужуваше доживотна казна затвор со минимална казна од 28 години за убиството на двегодишната ќерка на неговата партнерка, извршено во 2020 година.

- Advertisement -
Ad image

Обвинителите рекоа дека камерите за надзор ги снимиле тројцата обвинети како го следат Беван до неговата ќелија по 17:30 часот на 4 ноември и како излегуваат по 5 минути „во среќно расположение, како работата да е завршена“. По нападот, Беван бил „уредно сместен во кревет“ и неговото тело не било откриено до следното утро, откако затворскиот персонал добил дојава од затвореник дека „нешто не е во ред со Беван“.

Беше утврдено дека Беван искрварил до смрт од 25 убодни рани нанесени од најмалку две различни оружја.

За време на судењето беше речено и дека убиениот Беван „се држел повлечено“ и го поминувал поголемиот дел од времето во својата ќелија, честопати барајќи да биде заклучен внатре.

Фото: Принтскрин

 

На судењето беше кажано дека во тоа време имало многу тензии во затворот, затоа што два други сериозни напади, од кои едно убиство, се случиле во неделите пред смртта на Беван.

Во едниот напад педофилот и пејач на „Lostprophets“, Иан Воткинс бил избоден до смрт, а во другиот бил сериозно повреден затвореникот Дејвид Минто, кој ја уби 16-годишната Саша Марсден во Блекпул во 2013 година. Поротниците слушнаа дека во заторот во Вејкфилд, за разлика од другите британски затвори, „ранливите затвореници не биле одвоени од останатите од затворската популација“.

Обвинителите објаснија дека ова значи дека „главните затвореници“ како што се Фелоус, Њуел и Тејлор морале да се мешаат со криминалци како што се убијци на деца, за кои се сметало дека се под нив во „перверзна морална хиерархија“.

Судот слушна дека тројцата обвинети имале непријателства кон сторителите на кривични дела против децата, а Фелоус и Њуел изразиле желба да бидат префрлени во друг затвор.

Обвинителот Џејсон Питер ја истакна „морничавата сличност“ помеѓу смртта на Беван и претходното убиство што го извршил Њуел. Тој претходно задавил друг затвореник, исто така убиец на деца и го оставил во кревет.

Тејлор, пак, неодамна бил префрлен во затворот Вејкфилд за убиство на колега, за што се изјасни за виновен, и за обид за убиство на полицаец додека бил во притвор.

Вчера Марк Фелоус (45), Ли Њуел (57) и Дејвид Тејлор (64) беа прогласени за виновни за убиството на убиецот Беван, откако поротата расправаше помалку од три часа во Крунскиот суд во Лидс.

Казната ќе биде изречена утре. Ниту еден од обвинетите не даде исказ на судењето.

Судијката Мекгован го сумираше случајот за поротниците:

– Не знаеме точно кој што направил во ќелијата. Барем едно лице мора да ги нанело смртоносните повреди. Биле употребени најмалку две оружја и се чини веројатно дека бил држен за рацете. Тој бил избоден од двете страни на вратот и повеќе пати во предниот дел од телото – рече судијката.

Убиениот Кајл Беван на усров начин ја убил двегодишната Лола Џејмс, претрпела 101 одделна повреда на телото, вклучувајќи катастрофална повреда на мозокот. Лекарите ја споредија сериозноста на нејзините повреди со последиците од сообраќајна несреќа со голема брзина или пад од голема височина. Убиецот Беван тврдеше дека паднала по скали додека бегала од куче.

Случајот со малата Лола од Велс е еден од најпотресните случаи на злоупотреба на дете во Велика Британија во последните години. Во јули 2020 година била однесена во болница со тешки повреди на главата. Лекарите се обиделе да ѝ го спасат животот, но таа починала неколку дена подоцна.

Истрагата утврдила дека фаталните повреди ги нанел партнерот на нејзината мајка, Беван, додека бил сам со детето. Не повикал веднаш брза помош, дури и ја снимал додека била во тешка состојба.

Во 2023 година, поротата го прогласи за виновен за убиство и му изрече доживотна казна затвор .

Мајката на Лола, Шинејд Џејмс беше прогласена за виновна за дозволување или непреземање мерки за спречување на смртта на детето, бидејќи не успеала да ја заштити својата ќерка од опасноста.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation