Познат член на една од најопасните криминални групи во Еквадор е убиен пред аеродромот во градот Гвајакил, откако двајца тинејџери, преправајќи се дека чекаат патници со цвеќиња и кадифени играчки, ладнокрвно го застрелале пред десетици сведоци.
Жртвата е 39-годишниот Карлос Алберто Суастеги Вилануева, кого еквадорските власти го поврзуваат со криминалната организација „Лос Агилас“, која е означена како терористичка група поради вмешаност во трговија со дрога, изнуда и други тешки кривични дела.
Според информациите објавени од Би-Би-Си, ликвидацијата се случила пред терминалот за пристигнувања на аеродромот во Гвајакил и предизвикала вистинска паника меѓу патниците и вработените.
Безбедносните камери го снимиле целиот напад. На снимките се гледаат двајца тинејџери како стојат пред терминалот држејќи цвеќиња и кадифени играчки, оставајќи впечаток дека чекаат некого да пристигне.
Во еден момент, едниот од нив му се приближува на Суастеги, вади пиштол скриен зад кадифено мече и пука од непосредна близина. Додека жртвата паѓа на земја, вториот тинејџер се приближува и испукува уште еден куршум, по што двајцата бегаат од местото на нападот.
Според локалните медиуми, присутните патници во паника почнале да бегаат и да бараат засолниште, стравувајќи дека станува збор за поширок вооружен напад.
Во инцидентот бил повреден и случаен минувач.
Полицијата веднаш започнала потрага по напаѓачите и кратко време по убиството уапсила двајца тинејџери кои се осомничени за извршување на ликвидацијата.
Терминалот за пристигнувања бил затворен повеќе од два часа додека траел увидот и собирањето докази од местото на злосторството.
Убиството се случува во период кога Еквадор се соочува со драматично влошување на безбедносната состојба. Земјата, која се наоѓа меѓу Колумбија и Перу – најголемите светски производители на кокаин – во последните години стана една од главните рути за шверц на дрога кон САД и Европа.
Само еден ден пред ликвидацијата, претседателот Daniel Noboa повторно прогласи вонредна состојба во десет провинции, меѓу кои и Гвајас, поради ескалацијата на насилството поврзано со организираниот криминал.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
