Background

Унијата не смее да се меша во Уставот, тоа е вон критериумите

Дебатата за европската иднина на Западен Балкан во Европскиот парламент донесе уште една порака што предизвика реакции кај бугарските европратеници.

Покрај известувачот за Македонија, Томас Вајц, поддршка за земјата искажа и португалскиот известувач во сенка Антонио Танжер Кореја.

– Повеќето од овие земји порано беа многу поблиску до ЕУ. Наша е вината, поради тоа што ги напуштивме. Во однос на Република Северна Македонија, се согласувам дека ни е потребна во ЕУ, но нема потреба да се мешаме во нивниот политички систем и во нивната рамка. Тоа оди подалеку од Копенхашките критериуми, што не е прифатливо – рече Кореја.

- Advertisement -
Ad image

Според него, ваквиот пристап не претставува политика на проширување.

– Ова не е политика на проширување, туку „раздели па владеј“. Ние не се согласуваме со какво било мешање во овие земји – додаде португалскиот европратеник.

Неговата изјава беше протолкувана како критика на барањата поврзани со внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

Вајц повторно ја бранеше Македонијa

Во истата дебата, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, австрискиот европратеник Томас Вајц, повторно порача дека земјата заслужува напредок на европскиот пат поради реформите што ги спровела.

Тој посебно внимание привлече со споредба поврзана со Австрија и соочувањето со минатото.

– Инвестирањето во помирување и во добри билатерални односи не е лесно. На Австрија ѝ беа потребни 40 години за да признае дека била соучесник во нацистичкиот режим – рече Вајц.

Тој предложи и бришење на параграфот 73 од извештајот за Македонија.

Станува збор за делот во кој се бараат „реално остварливи резултати“ од работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, согласно Вториот протокол.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation