Упатства за прва помош во случај на повреда од морската риба „Лагоцефалус сцелератус“ (Lagocephalus sceleratus), што е опасна и отровна за консумација, но не и при каснување, објавија од грчкиот Црвен крст, „поради сè поголемото присуство на рибата во грчките мориња“, а со цел граѓаните да бидат информирани за опасностите и за справувањето при евентуално каснување.
Од Црвениот крст објаснија дека конкретната риба содржи силен невротоксин, „што ја прави консумацијата исклучително опасна“, а ниту еден дел од рибата не се смета за безбеден за консумација, но и дека „иако каснувањето не е токсично, сепак особено силните вилици на рибата, кои наликуваат на клун, можат да предизвикаат сериозни повреди и обилно крвавење“.
Токму затоа, Црвениот крст издаде упатства во случај на повреда од каснување.
– Прво, веднаш исчистете ја раната со обилна количина чиста вода и сапун. Не користете морска вода и исто така не ставајте антисептици на местото без упатство од лекар. Второ, запрете го крвавењето. Со чисти гази или чиста ткаенина одржувајте постојан притисок врз раната. Ако крвавењето е пообилно, можете да го подигнете малку повисоко повредениот дел. Трето, задолжително побарајте медицинска помош, бидејќи повредите од рибата се сериозни, ќе треба да добиете специјализирана нега, вакцина против тетанус, а можеби и шиење – информираа од Црвениот крст и додадоа дека во случај каснувањето да е во оддалечена област или ако крвавењето е силно, граѓаните треба веднаш да се јават или во брза помош на бројот 166 или на Европскиот број за итни случаи 112.
Во изминатиот период, конкретната риба била забележана во морскиот дел во околината на Евија и на Атика, поширокиот регион на Атина, а директорот на грчкиот Институтот за морска заштита „Архипелагос“ Тодорис Цибидис, во четвртокот, за државната телевизија ЕРТ истакна дека не постои причина за паника кај граѓаните, посочувајќи дека „впечатокот што често се создава на социјалните мрежи е претеран“, бидејќи „самата риба не е опасна и нејзиното каснување не е отровно.“

Објасни дека токсините се наоѓаат во внатрешните органи на рибата, а не на надворешниот дел од телото и затоа, нема опасност од обичен допир или каснување, туку опасноста се однесува исклучиво на консумацијата.
Во однос на тоа како конкретната риба стигна и до грчките мориња, директорот на Институтот посочи дека ширењето на видот се должи на два фактора: отворањето и проширувањето на Суецкиот Канал, при што нови видови се движат кон Медитеранот и прекумерниот риболов што ја нарушува рамнотежата на морските екосистеми.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
