Background

МВР – Извадок на дел од дневните настани, 15.06.2026

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци и од Одделението за криминалистички работи Чаир на 14.06.2026 околу 16:00 часот на подрачјето на Мирковци лишиле од слобода 16-годишник од с.Блаце, скопско. Имено, постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници на место викано „Вражји вир” на подрачје на Мирковци го затекнале малолетникот со  моторна пила до него и исечени дрва. Екипа на Шумска полиција, исто така, излегла на местото и констатирала дека во парцела сопственост на Ч.Х. биле исечени 70 дабови стебла. Моторната пила и дрвата се одземени и за настанот е известен јавен обвинител. Дрвата ќе бидат вратени на сопственикот на парцелата и против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.У.(36), Џ.У.(52), А.У.(59), Џ.У.(31), Е.У.(35) и 17-годишник, сите од с.Пресил, крушевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 25.05.2026 пред Општа болница Прилеп, пријавените физички и со тврди предмети ги нападнале С.К. и неговиот син Х.К. поради претходно нерасчистени семејни односи.

 На 14.06.2026 околу 15:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Крушевска Република“ со ул.„Мирче Ацев“ во Скопје, патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(56) од Скопје, удрило во 50-годишната С.Б. од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Б., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Ј.(57) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување судска одлука“. На 01.05.2025, пријавениот упатувал закани на неговиот син и покрај тоа што од претходно од Основен суд Куманово му било изречено Решение за привремени мерки за заштита од семејно насилство затоа што повеќе пати бил пријавуван за семејно насилство.   

- Advertisement -
Ad image

 На 14.06.2026 во 16:30  часот во ОВР Радовиш е пријавено дека во с.Ораовица, радовишко, на место викано „Манастирско место“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од с.Ораовица, радовишко и мотоцикл „хонда“ управуван од К.Т.(18) од с.Подареш, радовишко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди сопатникот од мопедот, 16-годишник од с.Ораовица, радовишко, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш, при што е констатирано дека двајцата возеле без возачка дозвола. По целосно документирање ќе следуваат соодветни пријави.

 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против И.А.(46) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 23.05.2026 во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот брат и му нанел телесни повреди.

 На 14.06.2026 во 23:20 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода Х.Г.(37) од Република Турција. При извршена пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека Х.Г. на увид приложил фалсификувана зелена карта за товарното возило „мерцедес“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Гевгелија и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

 На 14.06.2026 во 13:45 часот во Гостивар, полициски службеници ги лишиле од слобода 15-годишник од с.Дебреше и Ф.Џ.(20) од Гостивар поради сомнение за сторено кривично дело „Кражба“. Претходно, во ОВР Гостивар, Д.Ц.(44) од Гостивар пријавил дека околу 13:30 часот лицата биле затекнати во манастирот „Преображение Христово“ како одземаат пари оставени на иконите, по што ги вратиле парите. Според пријавеното, двајцата на безбедносни камери биле забележани дека и на 30.05.2026 извршиле слична кражба. Тие биле задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Г.А.(55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или друга погодност“, „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“. Пријавениот, во периодот до 18.08.2022, спротивно на условите утврдени со закон и без согласност на лице од Гевгелија, телефонски ги прибирал, обработил и искористил неговите лични податоци и ги искористил при правење на лажна патна исправа. Потоа, лажната исправа ја употребил во постапка да прибави кредит за себе од финансиско друштво од Скопје, односно на тој начин на финансиското друштво дал невистинити податоци за имотната состојба и други податоци кои биле значајни за добивање на кредитот. Со ваквите незаконски дејствија пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во износ од 90.000 денари, а причинил и дополнителна материјална штета во износ од 58.694 денари.

 На 14.06.2026 во 17:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода В.М.(42) од Прилеп, со престој во Тетово, а во 18:30 часот во с.Сараќино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода Б.С.(37) од истото село. Претходно, во 16:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 15:30 часот В.М. била забележана како физички го малтретира и удира во асфалт своето тримесечно бебе. Лицата што го забележале тоа, ѝ го одземале детето и го пријавиле случајот. За настанот е известен социјален работник и инспектор за малолетници, а двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против А.Ц.(40) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“. На 02.06.2026 во семејниот дом, пријавениот упатувал закани на неговата 69-годишна мајка.   

 На 14.06.2026 во 22:45 часот во с.Палатица, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода З.Р.(67) од с. Палатица. Тој бил пријавен од Н.С.(40) од истото село дека околу 18:00 часот во дворот на основното училиште во селото физички го нападнал неговиот 11-годишен син, при што употребил и тврд предмет. Тој е задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 ОВР Дебар поднесе кривична пријава против К.Е.(60) од с.Врановци, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола во патниот сообраќај на ул.„Јусуф Грвала“ во Дебар, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршена контрола било констатирано дека врши меѓуопштински јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца за такси превоз издадена од надлежен државен орган.

 На 14.06.2026 во 23:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.П.(31) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:00 часот физички ја нападнал С.Л.(35), нејзината малолетна ќерка, како и С.С.(33) и М.С.(57). По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 На 14/15.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Б.(27), Д.М.(43), Т.К.(25), сите од Скопје и Ф.М.(44) од с.Сарај, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

  На 14.06.2026 во 16:25 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.З.(43) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека по кратка расправија физички ги нападнал  неговата 42-годишна сопруга и нивниот малолетен син. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 На 14.06.2026 во 15:30 часот во касарна „Илинден“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Е.К.Т.(28) од Норвешка поради сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик – „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“. Тој е задржан во Полициската станица Карпош, при што изјавил дека, следејќи координати на мапа, случајно влегол во кругот на касарната. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.  

 На 14.06.2026 во 23.59 часот во СВР Скопје 21-годишна жена пријави дека нејзиниот вонбрачен партнер Р.С. упатувал закани по телефон на нејзиниот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 На 15.06.2026 во 06:30 часот во СВР Скопје, С.С.(39) од с.Марино, скопско, пријави дека во с.Марино бил физички нападнат од А.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.              

 На 14.06.2026 во 16:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Н.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 69-годишен татко, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

 На 14.06.2026 во 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Морани, скопско, во близина на фабрика настанал пожар при што  биле пожарени околу седум декари сува трева, сопственост на фабриката и родни дрвја и пет декари жито на друг сопственик. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation