Background

Коментар на Мицкоски за почнувањето на преговорите со ЕУ на овие две земји

Разликата помеѓу овие две земји и нашата е тоа што ние ја контролираме целата држава и немаме такви проблеми какви што имаат тие и кај нив опозицијата не работи против своите граѓани и против својата влада, не ја кодоши сопствената влада и не работи за интересите на туѓи влади кои имаат поинакви интереси, како што е случајот кај нас, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по свеченото отворање на фабриката „Бреинчајлд“ во врска најавата дека од јули ЕУ почнува преговори за сите области од пристапниот процес со Украина и со Молдавија.

– И поранешните власти во овие две држави обезбедувале консензус кога станува збор за стратешки прашања и за надворешни предизвици. Тоа не го направи претходната влада, која беше во една, би рекол, прилично очајна состојба тогаш и беше подготвена да коленичи и да прифати бел лист хартијa за да остане на власт. Граѓаните тоа го препознаа, ги казнија и ги испратија во опозиција, на следните избори ќе ги испратат и на политичките маргини, а за нив брзо ќе избледи политичката меморија и никогаш повеќе нема да ни се повторат – рече Мицкоски.

Тој истакна дека Владата ќе продолжи да работи и да испорачува реформи, согласно Планот за раст.

- Advertisement -
Ad image

– Ќе продолжиме да ја градиме македонската економија. Резултати преку ноќ нема. Ние никогаш не сме ветувале чуда и не сме чудотворци. Секој што ветува чуда не ја говори вистината. Ние само ветуваме дека напорно ќе работиме, и работиме. Ќе го добиеме заслуженото. Македонија забрзува и Македонија ќе победи, како што многупати победувала во минатото – истакна Мицкоски.

Во врска со најавената реконстуркција на Владата, премиерот уште еднаш повтори дека во моментов тој лично и партијата што ја предводи се насочени кон одбележување на 36. роденден на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи на Градскиот стадион во Струмица на 17 јуни со почеток во 20 часот.

Тој рече дека не би сакал да навлегува во големината на реконструкцијата и оти повеќе би се задржал на нејзината содржина, но додаде дека за тоа ќе говори по партискиот роденден.

– Веќе од следниот ден ќе почнеме разговори со владините партнери околу реконструкцијата. Но, повторно ќе кажам повеќе би се задржал на содржината отколку на обемот на реконструкцијата. Бидете трпеливи. Станува збор за денови. Да ги отпочнеме разговорите, а потоа ќе можеме да зборуваме и за повеќе детали – изјави Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation