Голем пожар утрово, 15 јуни, избувна во трговскиот центар „Енјуб“ во Нов Белград и зафати дел од објектот. Зафатена е и и кровната конструкција на објектот, објавија српските медиуми.
Пред зградата се собрале сопственици на продавници кои со неверување ја следеле драмата додека пожарникарите се обидувале да го локализираат огнот.
– Сè изгоре, ова е пекол. Сè беше уништено за неколку моменти – изјавил еден од потресените сопственици за српските медиуми.
Дел од сопствениците чии локали не биле зафатени од пожарот почнале да ја изнесуваат стоката, стравувајќи дека огнот може да се прошири и на останатите делови од трговскиот центар.
Според неофицијални информации, пожарот најпрво избувнал на покривот, а потоа брзо се проширил на поголем дел од објектот.
На терен интервенираат околу 40 пожарникари, кои од раните утрински часови се обидуваат да спречат огнот да зафати соседни објекти.
Густ црн чад се гледал од повеќе делови на Белград, а полицијата го обезбедувала местото и не дозволувала пристап во близина на пожарот.
Поради интервенцијата, сообраќајот на улицата „Јурија Гагарина“ бил во прекин, додека надлежните ги повикале жителите од околните населби да ги затворат прозорците.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
