Background

Израел не ги менува воените планови поради најавите за мир

Само неколку часа по најавата за историски договор меѓу САД и Иран, од Израел пристигна јасна порака дека тој не ги обврзува израелските власти и нема да влијае врз нивните воени операции во Либан.

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, изјави дека неговата земја не е дел од договорот и нема намера да се откаже од поставените воени цели.

„Трамповиот договор не нè обврзува. Израел не е подреден на САД. Ние сме независна и суверена држава. Не сме партнери во овој договор, кој не ја гарантира нашата безбедност. Не смееме да се повлечеме од ниту една територија во Либан што ја освоија нашите борци“, порача Бен Гвир.

- Advertisement -
Ad image

Неговите изјави следуваат откако САД и Иран објавија дека постигнале прелиминарен договор за повторно отворање на Ормускиот Теснец и продолжување на кревкото примирје, што би можело да овозможи нормализирање на испораките на нафта и природен гас на светските пазари.

Иако деталите од договорот сè уште не се објавени, Иран соопшти дека неговата примена нема да започне пред официјалното потпишување, кое, според пакистански посредници, би требало да се одржи во петок во Швајцарија.

Сепак, меморандумот веќе се соочува со сериозни предизвици. Продолжувањето на судирите меѓу Израел и проиранскиот Хезболах во Либан речиси ги доведе во прашање преговорите, особено по неодамнешните израелски напади врз јужните предградија на Бејрут.

Дополнителен предизвик останува и иранската нуклеарна програма. Според најавите, договорот предвидува рок од 60 дена за решавање на прашањата поврзани со залихите на високо збогатен ураниум и иднината на нуклеарната програма на Техеран.

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Казем Гарибабади, потврди дека е постигнат договор, но нагласи дека Техеран нема да започне со негово спроведување пред официјалното потпишување. Тој истакна дека во преговорите посредувал и Катар.

Веста за договорот прв ја објави Пакистан. Премиерот Шехбаз Шариф изјави дека двете страни прогласиле „итен и траен прекин на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан“.

Сепак, останува нејасно дали Израел ќе прифати таков аранжман, имајќи предвид дека од почетокот на конфликтот по нападот на Хамас во октомври 2023 година, повеќепати самостојно носеше одлуки за воени операции во регионот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation