Ставката за капиталните расходи во Буџетот за оваа година не се очекува да се намали. Напротив може да има зголемување. При тоа останува определбата за продолжување на фискалната консолидација. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Топ тема на ТВ Телма.
„Имаме одреден напредок во распределбата и реализацијата во рамките на ставката капитални расходи. Во овој момент не се очекуваат намалувања на капиталните инвестиции, напротив, таму може да има само зголемувања. Барем досегашните бројки го покажуваат тоа. Единственото што можам со сигурност да го кажам е дека ќе има дополнување на Програмата АА, односно програмата за финансирање на општините. Секако, ќе има и одредени пренамени во рамки на буџетските ставки меѓу различни буџетски корисници. Причината е што министерствата кои во изминатиот период имаа комуникација и реализираа проекти со општините пријавија висок процент на реализација. Тоа е можеби една од причините поради кои имаме повисок степен на реализација во овој период. Така што, средствата ќе бидат насочени кон проекти што општините успешно ги реализираат и за кои има реална потреба од дополнителна поддршка“, истакна министерката.
Таа додаде дека овие проекти се многу важни затоа што директно влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните и обезбедуваат подобри услови за живот.
При тоа посочи дека за истакнување е дека во услови кога реализацијата на големите инфраструктурни проекти се одвива со забрзана динамика и кога имаме сериозна реализација на капиталните расходи, сепак бележиме фискална консолидација.
Според министерката факт е дека се спроведува фискална консолидација и дека буџетскиот дефицит се намалува од 4,2% на 4% сега на 3,5% и дека тоа е поздравено од страна и на ММФ. „Најдобар показател дека имаме фискална консолидација е примарното буџетско салдо. Тоа е најдобар показател дека, и покрај зголемените каматни трошоци и инвестициите што се реализираат, буџетската политика се движи во насока на постепено намалување на фискалните нерамнотежи. Ние се обврзавме и чекориме кон фискална консолидација, но преку ноќ никој не успел во тоа. Сето тоа треба да оди етапно, затоа што одредени консолидирања на расходната страна треба да подразбира дека вие на одредени граѓани, ако нешто им скратите, треба да им понудите нешто нов“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
